Еве што може зимата да им стори на вашите очи

Зимата може да биде тешко годишно време за вашите очи. Студот, сувиот воздух, силниот ветер ултравиуолетовите зраци кои се одбиваат од снегот и мразот додека сте на зимување, не се ни малку пријатни. На очите им е потребно подмачкување, а во текот на зимата влажноста потешко се одржува. Ова се некои од честите прашања поврзани за очите и зимата.1. Дали леќите замрзнуваат?
Не. студот и ладниот воздух можат да доведат до иритација, но леќите нема да замрзнат и да се залепат за вашите очи. Војската го испитувала тоа во текот на 80-те години: на зајци им биле ставени леќи, па потоа биле изложени на температура до минус 32 степени и силен ветер. За среќа, леќите не се залепиле, а зајците останале неповредени.
2.Можам ли да добијам изгореници од сонцето на очите?
Да. Тоа е „кератитс“. Тегобите настануваат кога рожницата е изложена на силни ултравиолетови зраци. Во таа прилика може да дојде до поматување на видот и болка во очите која може да трае од 24 до 72 часа. Најчеста причина за кератитс е скиање без заштитни очила, дури и доколку е облачно. Ултравиолетовите зраци можат да бидат уште посилни во текот на зимата, па затоа се препорачува да носите заштитни очила или очила за сонце.

3. Зошто ми солзат очите кога е ладно?
Очите најчесто ви солзат затоа што се сушат. Се што ќе ги изиритира вашите очи , вклучувајќи ја и сувоста, предизвикува солзи. Сувите очи се чест проблем во текот на зимата, а до нив доаѓа кога сувиот ветер ќе ја впие влагата од горниот слој на рожниците. Тогаш реагираат солзните жлезди и произведуваат солзи за да ја надокнадат влажноста. Носете заштитни очила.

4. Зошто подочниците ми изгледаат поголеми во текот на зимата?
Од медицинска гледна точка, немате за што да се грижите, вели доктор Брајан Боксер Вечлер, офтамолог кој го основал институтот „Boxer Wachler Vision“. Подочниците се предизвикани од мали капилари кои се наоѓаат веднаш под површината на кожата. Кога крвта во нив оксидира, кожата добива тремносива боја. Тоа е често повоочливо зимно време, бидејќи тогаш кожата станува посветла и попроѕирна поради реткото изложување на сонце. 1. Дали леќите замрзнуваат?
Не. студот и ладниот воздух можат да доведат до иритација, но леќите нема да замрзнат и да се

Пронајдете не на следниве мрежи: