За здраво зелено зачлче може да ви послужи и едно пакетче замрзнат свеж грашок чиј вкус и нутритивна вредност е непроменета, а освен тоа и поволна.Грашокот доаѓа од семејството мешунки во него уживале уште старите Римјани, Египќани и Грци а денес се користи во цел свет.
Многу е хранлив и богат со влакна, а само една шолја варен грашок (160 гр) осигурува 134 калории и само 0,4 грама масти.
Тој е многу богат со протеини, во една шолја грашок се наоѓа 8,6 гр што задоволува 17 посто од препорачаното дневно внесување протеини и 8,8 гр влакна што задоволува дури 35 посто од препорачаното дневно внесување на влакна.
Освен тоа оваа достапна и поволна намирница е одличен извор на бројни минерали и витамини, во прв ред А, Ц, Б1, К и фолат и манган.
Зошто од замрзнат грашок да правите само готвени јадења?
Одмрзнете го, кратко проварете го и изладен ставете го во миксер со омилените зачини и ќе добиете вкусен и здрав зелен намаз. Комбинирајте ги намирниците и зачините у уживајте во финиот вкус.
Во врела вода ставете го грашокот и варете 2-3 минути, а потоа потопете го во ладна вода за да ја задржи зелена боја и да го спречите понатамошното варење. Кога грашокот ќе се олади, подгответе го на следните начини:
Намаз со пршута и лутеница
Загрејте ја рерната на 180Си на плех кој сте го обложиле со хартија за печење ставете кришки пршута и печете додека не станат крцкави (10-15 минути). Кога ќе се изладат искршете ги на парчиња.
Во блендер ставете една шолја грашок, четвртина шолја зрело авокадо, една голема лажица маслиново масло и четвртина чајна лажичка сол и матете додека не добиете мека хомогена смеса.
Десетина помали кришки леб за тост премачкајте ги со намазот и украсете ги со парчиња крцкава пршута и лутеница.
Зелен хумус
Во блендер измиксајте 1 шолја грашок и четвртина шолја бел грав, истолчете едно чешне лук, додадете две лаички лимонов сок, две лажици намаз од сусам, половина чајна лажичка мелен ким и половина лажичка сол и матете додека не добиете глатка смеса.
На десетина помали кришки леб за тост намачкајте од намазот и украсете со зрна грашок, капнете неколку капки маслиново масло и посипете со свежо мелен бибер. Грашокот доаѓа од семејството мешунки во него уживале уште старите Римјани, Египќани и Грци а денес се користи во цел свет.
Многу е хранлив