Еве што се случува кога носите црвен волнен конец околу рака…

Во што е неговата тајна и исцелителска моќ? Го носат и славните личности но и нашите баби кои исто така го врзуваат и на децата и внуците. Суптилна и духовна димензија
Уште од минатото се верува дека црвениот волнен конец може да спаси и заштити од уроци.
Многу култури ширум светот веруваат дека со мислите или пак со завидниот поглед, одредена личност може да и наштети на друга личност, предизвикувајќи и болест, повреда па дури и смрт. Урокот е стрела која излегува од душата на завидливиот човек и некогаш погодува стрелата а некогаш не погодува.
Црвениот конец го наоѓаме кај  Евреите, будистите и хиндусите.
За црвениот конец се верува дека ја „брка“ лошата среќа која ја носи „лошото око“. Вообичаено е направен од тенка волница. Се носи на левата рака врзан како бразлетна.
Некои од тие црвени конци се донесуваат од Израел. Се смета дека има огромна моќ да носи добра среќа и божја заштита за оној што го носи.
Евреите пак се плашат од негативното влијание на урокот и имаат стара традиција да го врзуваат црвениот конец на креветот на бебето за да го заштитат.
А пак калава е свет хундистички конец. Се носи за време на нивните ритуали. Се врзува од страна на свештеникот на раката на верникот кој присуствува на обредот и молитвата. Се врзува на десната рака на мажите и немажените жени, или пак на левата рака на мажените жени.
Кон крајот на деведесетите црвениот конец станува популарен кај филмските ѕвезди во САД. Па така многу од нив како Мадона, Бритни Спирс, Бекам, Деми Мур и уште многу други го носеа истиот.

 

Како здравствено влијае црвениот конец?
Постојат многу митови за него, но во реалноста тоа е само- народна медицина.
Волнениот конец околу зглобот наводно ги намалува болките во зглобовите и ја подобрува циркулацијата на крв.
Волнениот конец служи како извор на помал статичен електрицитет.
А хигиенски најздрава терморегулациска работа е волницата. Нејзината структура и овозможува на кожата да дише. Па така уште од минатото луѓето се ослободувале од забоболката, главоболката како и болката во грбот, така што на болното место ставале парче вистинска природна волна. А исто така и на предвремено родените деца им ставале волна од овци.
Работата е во тоа што природните влакна на волната одлично се впиваат во кожата и ја смируваат.
Па токму затоа е добро да користите постелнина од природна волна и на тој начин одлично ќе влијаете на мускулите, зглобовите, половината….
Постојат верувања од нашите баби дека волнениот црвен конец може да ги излечи брадавиците. Еве на кој начин: Доколку е брадавицата на прстот, се врзува конецот на зглобот на раката( ако е на ногата, се врзува конецот на ногата). Се носи 2 недели. Потоа се вади и се закопува во земја. А кога конецот ќе скапе тогаш ќе исчезне и брадавицата. Суптилна и духовна димензија
Уште од минатото се верува дека црвениот волнен конец може да спаси и заштити од уроци.

Пронајдете не на следниве мрежи: