Еве што се случува со мажот кој се обложи дека нема да има секс една година!

Велат дека мажите мислат на секс на секои 20 секунди, па токму поради тоа им е тешко да останат без секс за долг период на време. Питер Лајнаг (34), го направи незамисливото и се воздржува од секс година дена. Она што започнал како обложување со цимерот, заврши со донација од 50.000 долари за добра причина. Тој ги користи парите за да им помогне на девојките во Камбоџа кои се жртви на сексуална трговија.„Планирав да се откажам од жени и секс. Цимерот ми рече дека нема да издржам ниту една недела, а тоа ме натера да се заинаетам и да издржам колку повеќе можам“ – вели Питер.
Тие се обложиле на 2.000 долари, но во текот на една година сумата порасна на 50.000 долари, откако беше објавена на Фејсбук и стана вирална. Ова му дало идеја на Питер да ја искористи приликата за иницирање на акција на собирање на средства за добротворни цели.
„Ми дојде идеја дека парите можам да ги дадам во добротворни цели и да ја направам целата приказна поголема од мене“ – изјавил Питер.

„Пред да почнам со предизвикот излегував со многу девојки. Ми се случуваа премногу работи и сакав да направам пауза. Сѐ си оди рака под рака. Пиењето, излегувањето – сето тоа е дел од шемата. Почнав да излегувам со една девојка. Претходната година не сакаше ништо со мене, затоа што сакав да легнам со неа веднаш, но кога не можев да го направам тоа ѝ станав интересен. Многу бев разочаран, бидејќи бакнежот води до секс. Мило ми е што таа ме спречи.
Можев да мастурбирам, но направив експеримент и застанав во период од 3 месеци. Ова е одличен начин за промена на фокусот на енергијата. Искусив духовна промена. Медитацијата го промени мојот живот. Видов цитат од Далaј Лама, кој вели дека ако секое 8-годишно дете научи да медитира, мирот во светот ќе се случи по една генерација и тоа ми даде инспирација. Во новогодишната ноќ решив да бидам трезен и да не спијам со никого. Поминав едно духовно патување и ги гледав работите поинаку. Требаше да се справам со демоните од минатото, кои во суштина беа причината поради која постојано имав секс со различни девојки. Требаше да изградам врска со себеси. Сега сум повеќе реален и имам голема поврзаност и длабочина во моите врски“ – додава тој.
Парите кои ги собра ги даде на организацијата Free to Shine, која спасува млади девојки од Камбоџа од трговија со луѓе.„Планирав да се откажам од жени и секс. Цимерот ми рече дека нема да издржам ниту една недела, а тоа ме натера да се заинаетам и да издржам к

Пронајдете не на следниве мрежи: