Јаткастите плодови ги нарекуваат суперхрана поради високата содржина на здрави масти, но и бројните здравствени придобивки. Се препорачува нивно консумирање во одредени количини, но главно сурови – бадеми, лешници, ф'стаци, обични кикирики. Но, ако сакате да го стабилизирате организмот, треба да дознаете зошто оревите мора да бидат дел од секојдневната исхрана.Оревите содржат толку многу различни витамини и минерали, што дури неколку ореви се доволни за да ве заситат до следниот главен оброк во денот.
Некои од најважните хранливи материи откриени во оревите се:
• омега-3 масни киселини
• полинезаситени масти
• феноли
• витамин Е
• антиоксиданти
Како оревите го подобруваат здравјето?
– Погледнете какви ќе бидат придобивките за здравјето ако јадете секој ден по 5 ореви:
Пониски нивоа на стрес – Оревите можат да направат чуда со здравјето, ако сте подложни на постојани стресни ситуации. Оревите ги смируваат на природен начин реакциите на организмот и помагаат да се надмине доста полесно и побрзо оваа ментална состојба.
Постабилно срце – Оревите испорачуваат на телото голема количина антиоксиданси, кои се од суштинско значењево борбата со слободните радикали кои водат до срцеви заболувања и дегенерација на срцевиот мускул. Затоа, редовната консумација на ореви може значително да го подобри вашето срцево здравје.
Стабилна заштита од дегенерација на мозокот – Благодарение на омега-3 масните киселини во оревите, редовната консумација ја намалува значително опасноста да развиете Алцхајмерова болест. Покрај тоа, омега-3 масните киселини се многу корисни против рак, хиперкинетикно растројство со нарушување на вниманието (што се среќава главно почесто кај момчињата во раното детство) и депресија.
Го намалуваат холестеролот – Резултати од истражување, објавено во весникот New England Journal of Medicine, покажуваат дека луѓето кои консумираат ореви имаат пониски нивоа на лошиот холестерол, отколку оние кои не јадат ореви. Ова е уште една корист од оревите и за срцето.
Ја редуцира тежината – Оревите имаат во изобилство полинезаситени масти, кои се од суштинско значење за правилно функционирање на организмот. Тие спречуваат затнување на артериите, како и негативните ефекти од заситените масти врз здравјето. И уште, полинезаситените масти во оревите го регулираат гладот и ве држат сити подолго време.
Ја потхрануваат косата, кожата и ноктите – Полинезаситените масти и омега-3 масните киселини се корисни за вашиот изглед. Овие хранливи материи можат да го чуваат здравјето на ноктите, ја прават косата сјајна, а кожата – беспрекорна.
Независно кои придобивки на оревите врз здравјето ви одговараат најмногу, тие треба да се составен дел од секојдневната исхрана.
Постојат многу начини да уживате во нивниот вкус – како ужина меѓу главните оброци, прилог на салати, во десерти и др.
И уште нешто – иако се исклучително здрави, оревите имаат доста калории. Затоа е препорачливо да не претерувате со консумирањето.
Запомнете дека 5 ореви на ден се доволни за да имате совршено здравје.Оревите содржат толку многу различни витамини и минерали, што дури неколку ореви се доволни за да ве заситат до следниот главен оброк во денот.