Еве што се случува во вашето тело кога ќе ги откажете цигарите

Кога ќе и доколку конечно донесете одлука дека сакате да ги откажете цигарите и да престанете да пушите, вашиот организам ќе биде подложен на некои промени. Еве кои работи се случуваат во вашето тело откако ќе престанете да пушите.Крвен притисок: Само 20 минути откако ќе ја изгасите вашата последна цигара, крвниот притисок и пулсот веќе ќе започнат да се нормализираат.
Кислород: Откако ќе поминете осум часа без да запалите цигара, нивото на јаглерод моноксид како и нивото на кислород во вашето тело ќе започнат да се неутрализираат.
Срцев удар: Само еден ден без пушење го намалува ризикот од срцев удар. И покрај тоа што ќе се чувствувате иритирачки, всушност тоа е знак дека вашето тело се обидува да се исчисти од никотинот.
Сетила: Пушењето има способност да ги намали вашите сетила за перцепција. По околу 48 часа без цигари веќе им помагате на вашите нервни завршетоци да зараснат и ги подобрувате вашите сетила за вкус и мирис.
Циркулација: Од две недели до три месеци откако ќе престанете да пушите, функционалноста на вашите бели дробови ќе се зголеми за 30%. Како што се зголемува циркулацијата на крвта, ќе забележите дека можете да одите подолги растојанија без да го изгубите здивот.
Белите дробови: Кога ќе поминат од еден до девет месеци, проблемите како кашлањето, отежнатото дишење и проблемите со синусите ќе се намалат за на крај целосно да престанат, а енергијата ќе ви се зголемува. Влакненцата на клетките во белите дробови ќе се регенерираат чистејќи ги вашите бели дробови и намалувајќи го ризикот од инфекции.
Целокупното здравје: Една година откако сте ги откажале цигарите вашите шанси за срцеви заболувања ќе бидат два пати помали отколку на пушачите.
Ги намалува ризиците: Пет години без тутун и цигари и ризикот за рак на устата, грлото и на хранопроводот се намалува за половина. Покрај тоа, стапката за да развиете рак на бели дробови ќе се намали за два пати отколку кај секојдневен пушач.
Рак на белите дробови: По десет години без пушење, ризикот од рак на белите дробови ќе биде речиси ист како оној кај непушач.
Назад во нормала: 15 години подоцна, ризикот од срцеви заболувања всушност ќе се врати на исто ниво како некој кој никогаш не ни пушел.
Долгорочно: Долгорочната цел вреди здравје, но не е лесно да се држиме до неа.
Повлекување: Повлекувањето на никотинот од вашето тело е многу реален и ќе започнете да го чувствувате само два часа од последната цигара.
Потребта за цигара: Вознемиреност, анксиозност, напнатост или фрустрации – сите овие се поврзани со обидот да се одолее на потребата за цигара.
Симптоми: По три дена, кога никотинот целосно ќе го напушти вашето тело, ќе искусите гадење, грчеви, потење и главоболки. Но обидете се да ја задржите вашата цел во глава и останете мотивирани.
Само запомнете дека откажувањето дефинитивно ќе ви се исплати, а вашето тело ќе ви биде благодарно за паметниот избор. Време е за промена… прифатете го ова и … Среќно!
 Крвен притисок: Само 20 минути откако ќе ја изгасите вашата последна цигара, крвниот притисок и пулсот веќе ќе започнат да се нормализираат.

Пронајдете не на следниве мрежи: