Еве ШТО ТОЧНО му се случува на мозокот пред смртта!

Во моментите пред смртта, централна улога игра срцето. Така барем вели генерално прифатеното верување.Но, најново истражување покажува дека ова размислување е можеби погрешно. Имено, научниците ги проучувале активностите на срцата и мозоците на стаорците во моментите пред тие да починат од недостаток на кислород. Тие откриле дека мозоците на животните праќале бројни сигнали до срцата кои предизвикале оштетување на органите, па и нивна смрт. Кога ги блокирале сигналите, срцето подолго преживеало, пишува Business Insider.
Ако се случи сличен процес кај луѓето, тогаш постои можност со прекинот на сигналите да ѝ се овозможи на личноста да преживее.
„Луѓето се концентрираат на срцето, мислејќи дека ако го спасат срцето – ќе го спасат мозокот“, вели коавторот на студијата Џимо Борџигин, која е невронаучник од Мичиген. Нејзиниот тим открил изненадувачки факт, односно дека мора да се прекине хемиската комуникација помеѓу мозокот и срцето за да се спаси срцето.
„Тие сигнали од мозокот се можеби одговорни и за искуствата блиски до смртта за кои некои луѓе тврдат дека ги доживеале“, вели таа.
Секако, битно е да не се заборави дека сите истражувања биле спроведени врз стаорци. Борџигин рекла дека „прашањето од милион долари“ е дали човечките тела ќе се однесуваат на ист начин.
Ако научниците пронајдат начин како да ја прекинат врската помеѓу мозокот и срцето со употреба на лекови, ќе биде можно да ѝ се дадат истите лекови на личноста која доживува срцев застој, со што на медицинските работници би им се дало повеќе време за лекување на таквите пациенти.Но, најново истражување покажува дека ова размислување е можеби погрешно. Имено, научниците ги проучувале активностите на срцата и мозоците на стао

Пронајдете не на следниве мрежи: