Еве што треба да направат жените за подобро да ја „примат“ спермата

Сигурно сте слушнале дека полесно ќе добиете бебе ако жената ги крене нозете во воздух после сексот или дека одредена поза носи поголеми шанси за зачнување. Ова всушност не е вистина.За подобро да ја „примат“ спермата, жените после сексот треба да ги кренат нозете во воздух и така да ги држат некое време. Погрешно – велат научниците.
„Апсолутно нема доказ дека тоа го поттикнува зачнувањето“, објаснува Алан Пејси, професор по андрологија на британскиот Универзитет Шефилд, кој инаку ги советува паровите како најдобро да зачнат.
„Мислам дека било каков секс е добар за зачнување. Нема поза во која полесно ќе добиете бебе“, додава тој.
Сперматозоидите се многу брзи, без разлика во која поза ќе бидат, објаснува тој. Неколку студии откриле дека на спермата и` се потребни околу 10 минути за да дојде до јајцеводите, низ кои поминува јајцеклетката до матката.
„Додека вие си дојдете на себе, додека се воспостави нормално дишење, малку да одморите – сперматозоидите веќе се таму“, вели професорот. „Ако баш сакате, можете нормално да лежите околу пет минути, но ни тоа не е потребно.“
„Многу луѓе го прават тоа. Често ми доаѓаат на клиника и ме прашуваат кои пози се најдобри за зачнување. Ми велат дека ги кревале нозете покрај ѕидот и ставале перница под грбот“, открива за Daily Mail доктор Стјуарт Лавери, гинеколог во болницата Хамерсмит.
„Она што е докажано е дека зачнувањето е почесто кога жената ќе доживее оргазам“, додал тој.

 
Најголеми митови за зачнувањето:
– Држење на нозете во воздух барем 10 минути после односот почесто резултира со зачнување
– Во мисионерска поза најчесто се зачнуваат деца
– Невозможно е да се забремени за време на менструација
– Постои храна која треба да ја избегнувате ако сакате да забремените – риба и банани
– Овулацијата е на 14. ден од циклусот. Тој ден е обично кај жените чии циклус трае 28 дена, но ни тогаш овулацијата не мора да биде баш на 14. ден.За подобро да ја „примат“ спермата, жените после сексот треба да ги кренат нозете во воздух и така да ги држат некое време. Погрешно &n

Пронајдете не на следниве мрежи: