Колку сме високи и како тоа влијае на нашиот живот?За истото тоа се запрашаа и експертите кои се ангажираа во истражувања во потрага по одговорите. Еве што открија…
1. Пониските луѓе живеат подолго
Во текот на една неодамнешна студија, истражувачите ги анализирале животите на 500 мажи родени помеѓу 1866-1915 на италијанскиот остров Сардинија. Се покажало дека мажите пониски од 162 сантиметри живееле во просек две години подолго од оние со “повеќе сантиметри. ” Се смета дека причина за тоа е што пониските луѓе имаат помали оштетувања на ДНК, зголемување на ефикасноста на пумпањето на срцето… Други студии исто така, покажаа дека пониските жени живеат подолго.
2. Високите луѓе се поинтелигентни и побогати
Неколку од спроведените истражувања покажале дека високите луѓе се поинтелигентни. Истражувањето од 2006 година, спроведено во Универзитетот Принстон покажа дека повисоките деца многу подобро се снаоѓале со когнитивните тестови. Минатата година еден истражувачки научник од Универзитетот во Колорадо покажа дека поинтелигентните луѓе избираат повеќе партнери и обратно. Околу 20 000 луѓе учествуваа во истражувањето на Универзитетот во Сиднеј, а беше откриено дека високите луѓе во просек се побогати.
3. Пониските личности не се толку амбициозни
Пониските лица се помалку амбициозни, доколку се суди според истражувањето на научниците од Универзитетот во Сант Андрејс и Стерлинг. Пониските лица се повеќе ориентирани кон основање на семејството, наместо кариера.
4. Кој има повеќе деца?
Високите луѓе се попаметни, повеќе заработуваат и имаат повеќе деца во просек, но пониските мажи се во просек, подобри сопрузи. Во текот на истражувањата жените се изјасниле дека високите мажи се добри за флерт, додека пониските мажи се попривлечни за долга врска и брак.За истото тоа се запрашаа и експертите кои се ангажираа во истражувања во потрага по одговорите. Еве што открија…
1



