Еве што значи ако секоја вечер се БУДИТЕ ВО ИСТО ВРЕМЕ!

Постојат внатрешни системи и часовници кои се својствени за луѓето, а кои помагаат при регулацијата на нашите телесни функции. Нашата духовна благосостојба и физичкото здравје се директно поврзани.
Традиционалните кинески лековити методи го насочуваат вниманието кон поставувањето на енергијата и нејзиното движење во различни делови од телото во различно време.
Во рамките на 24-часовниот циклус, телото им дава енергија на органите во различно време.
Доколку постојано се будите во исто време, тоа би можело да значи дека некои енергии се блокирани или погрешно насочени. Тоа ја нарушува природната рамнотежа и циклус. На органите им е потребна енергија за да исцелат и правилно да функционираат.

Време на максимална функција
Време на најсилните функции на организмот (12 часа подоцна функција е на најниско ниво):
5 до 7 часот – дебело црево
7 до 9 часот – желудник
11 до 13 часот – срце
13 до 15 часот – тенко црево
15 до 17 часот – мочен меур
17 до 19 часот – бубрези
19 до 21 часот – срцева обвивка
21 до 23 часот – троен грејач (терморегулација)
23 до 1 часот – жолчно ќесе
1 до 3 часот – црн дроб
3 до 5 часот – бели дробови
Во времето кога еден орган е на врвот на својата енергија, оној на спротивната страна на биолошкиот часовник (12 часа разлика) се наоѓа на најниското ниво на енергија. Тоа практично значи дека ако јадеме доцна во текот на ноќта, храната лошо се апсорбира во тенкото црево.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.