Атанас Кировски познат како Саки, со добивањето на директорската позиција во Телма доби и задача телевизијата да ја отвори во потполност и стави на располагање на раководството на СДСМ, пишува Журнал.нет.
Телма и во минатото важеше за блиска до СДСМ, но на постојаните поплаки за остварување на поголемо влијание сопствеништвото одлучува да го инсталира Кировски за нејзин прв човек.
Она што тој го повлече за прв чекор е оставањето на улица на новинари, и тоа секако не е на удар на ЗНМ кога се знае и дека оваа еснафска организација е продолжена рака на СДСМ.
Низ скопските муабети често се раскажува и за сервилноста на Кировски кон СДСМ, како и видливата возбуда кај него во моментите кога првиот човек на центарот за комуникации со јавност на СДСМ, и поранешен новинар Роберт Поповски ќе му се јави.
Не водејќи сметка за времето и просторот Кировски педантно чекал и одработувал инструкции од Поповски, особено кога за начинот и редоследот по кој требале да бидат подредени прилозите.
Највозбуден бил Кировски кога од “централата” како што велел тој ќе стигнеле забелешки за начинот на кој биле распределени прилозите или доколку некоја тема од значење на СДСМ не била третирана соодветно.
Тој потоа бескомпромисно се борел истата да помине, и беспоговорно ги слушал…иако во новинарски кругови знаел да акцентира дека и СДСМ знае да претера со новинарските нарачки, но такво било времето и тој морал да ја оправда доделената одговорност од раководството на СДСМ.
Јавното делење на лекции за новинарска етика не важат за Кировски кога станува збор за Телма и најважни се приходите кои се слеваат во неговиот џеб, кој според информациите до кој доаѓаме не е воопшто тенок.
Тој во 2014та година инкасирал 824 850 денари на име плата и други приходи, а помрсна била 2015та година кога инкасирал над милион денари односно близу 1милион и 100 илјади денари, што како плата што и како договор на дело од име на телевизија, Макпетрол или просечно месечно заработувал по 1 500 евра.
Интересно е што за Кировски нема зима во однос на приходите, а бркањето на новинарите од работа и преполувањето на нивните плати беше токму со образложение дека потребно било рационализација на приходите.
Познавачите на состојбите коментираат дека зад тоа се крие всушност диспилинирање на докрај непослушните новинари.
Истовремено процесот на десоросоизација воопшто не му одговара на Кировски. Тоа е од причина што еден од главните спонзори на телевизијата се токму парите добиени од странски фондови. Само од УСАИД за емисијата Топ тема и за други иновативни содржини инкасирани се 800 илјади долари од УСАИД. Освен тоа зад работата на Кировски се кријат и повеќе сомнежи за матни зделки и малверзации за кои истражуваме и во периодот што следи ќе и ги соопштиме на јавноста.Телма и во минатото важеше за блиска до СДСМ, но на постојаните поплаки за остварување на поголемо влијание сопствеништвото одлучува да го инсталир