Еве зошто детоксикацијата по празниците е опасна по вашето здравје

Детоксикација и слабеење се двата поими кои се традиционално најпребарувани на интернет по празниците, бидејќи сите сме преполни со храна која во изминатите денови немилосрдно сме ја консумирале.Оваа 47-годишна жена се опоравила по интензивно лекување во болница. Пред тоа, таа изгубила свест и имала халуцинации. Тестовите покажале дека таа имала опасно ниско ниво на сол во организмот.
Иако се чини корисна за чистење на организмот по празничните гозби, детоксикацијата не е докажано здрава и истата нема поддршка од медицинската заедница, објавило списанието “British Medical Journal”.
“Прекумерниот внес на вода како начин на чистење на организмот се базира на основно верување дека на тој начин сè што е штетно може да се “испере” од организмот”, тврдат британските лекари. Тие додаваат дека, и покрај спротивните маркетиншки тврдења, билните суплементи сепак може да предизвикаат нуспојави.
Британскиот диететски сојуз додава дека целата идеја на детоксикација е всушност глупост.  
“Не постојат магични таблети, напитоци, лосиони или фластери. Телото го сочинуваат бројни органи како кожата, бубрезите и црниот дроб кои непрекинато го прочистуваат организмот од глава до пети”, потсетуваат лекарите.
“Организмот треба секогаш да биде хидриран, но преголемо количество на вода може да биде подеднакво опасно како и премалото. Иако звучи предвидливо, разумната исхрана и редовната физичка активност се најдобра стратегија за одржување на здравјето”, заклучуваат тие.
 
 Оваа 47-годишна жена се опоравила по интензивно лекување во болница. Пред тоа, таа изгубила свест и имала халуцинации. Тестовите покажале дека таа

Пронајдете не на следниве мрежи: