Еве зошто диетите НЕ ВИ УСПЕВААТ: Едноставна вистина која многумина ја забораваат!

Рецептот за слабеење е едноставен – јадете помалку, а движете се повеќе. Звучи како банална работа, но во постојаните наметнувања на палео, ЛЦХФ, безглутенската и останатите диети, многу луѓе забораваат на оваа едноставна вистина.Три години наназад, за прв пат во историјата на човештвото има поголем број луѓе со вишок килограми отколку неухранети, а и покрај сѐ поголемата свест за штетноста на прекумерната тежина, бројките и понатаму растат. Се проценува дека две третини од возрасните во ЕУ се дебели или имаат проблем со вишокот килограми.
„Калориите се бројат. Можеби некои тренери и нутриционисти истакнуваат дека вие не морате да ги броите калориите, но сосема е сигурно дека не зборуваат дека можете да јадете колку сакате“ – истакнува нутриционистот Луиз Паркер.
Стапица за прекумерни калории
„Најчестата грешка што ја забележуваме е преголемиот број на калории во исхраната. Она што дополнително изненадува е дека половина од луѓето воопшто не се свесни дека јадат премногу“ – објаснува Паркер и додава дека како по правило ги обвинуваат бавниот метаболизам или лошите гени.
Од друга страна, Паркер истакнува дека разбира колку е лесно да се падне во стапицата на претераните калории.
„Кај домашно зготвената храна е тешко да се избројат калориите, а од купечката демнат и други опасности“ – предупредува таа.
Откако „еко“, „здраво“ и „природно“ станаа модерни, прехранбената индустрија се труди да ги залепи овие етикети на сѐ што може (смее). Тоа предизвикува голем проблем. Технички гледано, солта и шеќерот се природни, како и цела низа нешта кои дебелеат. Но, поради етикетата „природно“, луѓето (свесно или не) мислат дека поради тоа смеат да јадат повеќе, не обрнувајќи внимание на калориите.
Но, што е со оние мускулести фраери и згодните девојки кои се фалат со своите оброци на социјалните мрежи?
„Да, можеби делува вкусно, но сигурно не е диетално. Поголем дел од тие јадења не се ништо поскромни од домашните колачи на бабите и не се препорачлив доручек ако сакате да изгледате совршено“ – истакнува Паркер.
„Она што не можете да го видите е дали таа/тој го изеде оброкот, или работи како персонален тренер, или пак станува збор за личност која се занимава со тешка физичка работа осум часа на ден“ – објаснува Паркер.
Три години наназад, за прв пат во историјата на човештвото има поголем број луѓе со вишок килограми отколку неухранети, а и покрај сѐ поголемата св

Пронајдете не на следниве мрежи: