Според официјалните информации од Министерството за внатрешни работи осомничените лица ги оштетиле акционерите на „Машино Промет“ за над 1 милион евра, но и државниот буџет за околу 14 милиони денари.
Пријавените лица како членови на управниот и надзорниот одбор на компанијата во период од 2008 до 2011 година вршеле намалување на вредноста на стоката на „Машино промет“ и нејзино расходување, спротивно на решенијата од граѓанскиот суд за предстечајна постапка во кои јасно е изречена мерка за забрана за располагање со имот.
Членовите на одборите, по претходен договор со сопствениците на „Ин-Ком“, „Интерком“ и „Би Метали“ од Штип, како и „Сиком“ од Скопје, донесувале одлуки на Управен одбор, коишто од страна на Надзорниот Одбор не се оспорени како противправни, а се со цел незаконито, енормно намалување на вредноста, како и расходување на целокупната стока на залихата во „Машино промет“.
Токму во истиот период, се јавува и улогата на тројцата осомничени, вработени во Управата за јавни приходи, која во наведеното време имала даночни побарувања по разни основи од компанијата.
И покрај донесените решенија за присилна наплата на побарувањата, вработените во УЈП не превзеле никакви мерки за нејзино реализирање, односно целосно наплатување на даночниот долг.
Злоупотребата на службената положба на вработените во УЈП продолжила и натаму, кога на барање на „Машино промет“, и дале согласнот на компнијата да ја оттуѓи стоката, што пак е спротивно на пропишаното во Законот за даночна постапка.
Компанијата во 2008-ма прави вонреден попис на стоката која ја има на залиха, проценета на над еден милион евра. Истата и една година подоцна УО на „Машино промет“ во два наврати ја намалува вредноста на веќе проценетата стока од над 1 милион евра на нешто повеќе од 17 милиони денари.
По вака намалената вредност, „Машино промет“ ја известува УЈП дека нејзината стока на залиха нема никаква пазарна вредност и бара дозвола од Управата за истата да се оттуѓи како отпаден материјал за што добива согласност.
И покрај донесените судски решенија за забрана за оттуѓување на имот, целокупната залиха на трговската стока и се продава на „Би Метали“ Штип како отпаден материјал.
Сепак стоката завршува на пазарот по вистинската малопродажна цена, откако „Би Метали“ робата им ја дава на останатите компании.
Во акцијата „Претседавач“, кривично пријавени се тројцата вработени во УЈП, Мирослав Шиповиќ кој во наведениот период бил претседател на УО на компанијата, неговиот брат и останатите членови на управниот и надзорниот одбор на „Машино промет.“
Меѓу уапсените е и Елена Јанева Димова, скопска директорка во УЈП и висок функционер во извршната власт на ВМРО-ДПМНЕ, со што се побива тезата на опозицијата дека случајот претставува политичја пресметка.
Единаесет од лицата беа уапсени пред пет дена, додека првоосомничениот Шиповиќ беше уапсен денеска во Виена.
Помошник министерот за односи со јавност во МВР, Иво Котевски изјави дека постапката за екстрадиција на првоосомничениот во случајот „Претседавач“ ќе започне откако македонските власти ќе добијат официјална потврда од австриската полиција за неговото апсење.
Пријавените лица како членови на управниот и надзорниот одбор на компанијата во период од 2008 до 2011 година вршеле намалување на в