Сте се запрашале некогаш зашто на сите презентации и реклами на Apple, уредите секогаш се „заглавени“ на 9:41 часот? Време е да го дознаеме одговорот!Всушност, за да ја решиме оваа мистерија треба да се вратиме во минатото. При презентацијата на првиот iPhone, часовникот беше наместен на 9:42 часот. Причината е едноставна – ова е точното време кога е презентиран првиот телефон на компанијата од страна на Steve Jobs.
Од друга страна, при презентацијата на оригиналниот iPad, Jobs беше минута порано – па затоа часовниците беа наместени на 9:41 часот. Ова стана тренд и сите нови уреди на компанијата го прикажуваат ова време.
„Нашите презентации се дизајнирани за да го откријат производот отприлика 40 минути по почетокот. Кога ќе се прикаже големата слика од новиот уред на екранот, сакаме часовникот да биде што е можно поточен и да се поклопи со оној на публика.“ – вели Scott Forstall – „Но, знаеме дека нема да бидеме точни и да го презентираме во 40-тата минута, така што пробуваме да компензираме.“
Извор: gsm.mk.Всушност, за да ја решиме оваа мистерија треба да се вратиме во минатото. При презентацијата на првиот iPhone, часовникот беше наместен на 9:42 час