Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во луксузен спа-центар се грее на врел кревет од мермер, трошејќи ги парите на граѓаните, пишува Вистина.мк.Со 3.000 евра месечна плата, Јанева може да си допушти се’ што ќе посака, па токму затоа и бара продолжување мандатот, за да продолжи со луксузот.
-Со 3.000 евра народна плата, и платени трошоци, Јанева наместо да ја врши професионално работата, единствено што успеа да направи е на очиглед на целата јавност да спроведе бескруполозна и срамна политичка хајка против раководството на ВМРО-ДПМНЕ, пишува порталот.
Инаку, годишно четири милиони евра народни пари се одливаат од џебовите на граѓаните на сметките на СЈО, за кои Катица Јанева одбиваше да каже каде се трошат.
Благодарение на прашањата на новинарите, јавноста дозна дека помеѓу астрономските плати на обвинителите од 3.000 евра, парите се трошеле и на скапи патувања, хотели и аранжмани, странски советници, но и медиумски мегафони.
Продолжен мандат за СЈО, значи и повеќе плати, пари, повеќе патувања и продолжување на луксузирањето.Со 3.000 евра месечна плата, Јанева може да си допушти се’ што ќе посака, па токму затоа и бара продолжување мандатот, за да продолжи со