Во 1993 година турскиот генерал Ердоѓан Ознал како раководител на Националното воено здружение на Турција учествува на симпозиум за Балканските војни во Грција. На брошури, книги, на транспаренти по ридовите на Атина, секаде гледал и слушал иста реченица: “Македонија е Грција”. Иритиран, пред 150 присутни на симпозиумот рекол: “Македонија не е Грција”. По враќањето во Турција ја пишува книгата во која покажува дека Македонија не е Грција ни историски, ни географски, ниту пак етничкиГрција лаже кога тврди дека во неа не живеат Македонци, дека таков народ не постои ниту пак дека има малцинство со такво име. Турскиот генерал во пензија Ердоѓан Ознал, автор на малата книга “Македонија не е Грција”, низ податоци од Турскиот воен архив ја покажува жестоката асимилаторска политика на Грција кон Македонците. Откако со неа Грција не успева да го скрие постоењето на македонскиот народ, почнува да ги именува Македонците како “Славофони”.
“На пописот во 1904 година ги имаше 896.494, во 1913 година – 329.371, а на пописите во 1926 и 1940 година веднаш ги снема. Каде отиде македонскиот народ, што стана со него?”, прашува во книгата Ознал, поаѓајќи од бројките од првиот попис што во 1904 го извршил генералниот инспектор за Македонија Хусеин Хилми паша, во трите дела на Македонија.
Генерал Ознал (1938) има македонски корени – татко му е роден дојранец, кој за време на Балканските војни со родителите бега за Турција. Минатата недела беше прв пат во Македонија и ги обиколи местата за кои како дете слушал од татко му.
“Имам измешани чувства. Среќен сум, но 5 дена се малку за сe што сакам да видам. Бев во Битола, Охрид, Струга, Тетово, го видов Мавровското Езеро, бев во Коџаџик (во Центар Жупа, н.з.) каде што е роден таткото на современа Турција Кемал Ататурк, бев во Свети Наум, во еден од најубавите манастири што досега сум ги видел, и сега сум во Дојран. Татко ми многу ми раскажуваше за Македонија. Бил многу тажен кога го напуштил Дојран. Иншала, ќе дојдам пак, можеби со внуците од двете ќерки. Дотогаш ќе го гледам дојранското крајбрежје на сликата што си ја купив овде”, ни рече Ознал на средбата минатата недела во Дојран. Сега е генерал во турското воздухопловство, во пензија.
“Во 1993 година бев шеф на оперативните активности во турскиот Генералштаб и раководител на Националното воено здружение на Турција кое беше една од 35-те членки на Здружението за меѓународна воена историја. Бев поканет во Грција на симпозиум за Балканските војни, на кој Турција, како земја против која се водеа Балканските војни, беше централна тема. За таа една недела, секаде слушав и гледав една иста реченица: 'Македонија е Грција'. Таа беше напишана на брошури, книги, на транспаренти по ридовите на Атина, ја изговараа сите Грци. Кренав рака и пред 150 присутни на симпозиумот реков: 'Македонија не е Грција'. Жена ми за време на паузата ме прекори: 'Престани, оти Грците ќе те истепаат'. Но реакција немаше. Сите молчеа, не сакајќи да си прават проблеми. Тоа уште повеќе ме иритирше. Кога се вратив во Турција реков дека ќе напишам книга во која ќе покажам дека ни историски, ни географски, ниту пак етнички, Македонија не е Грција”, објаснува генерал Ознал.
Книгата за напишал за помалку од еден месец.
“Веднаш по објавувањето, на приватна средба грчкиот аташе во Турција ме праша каде да ја најде книгата, но не ми одреагира. Во грчките медиуми пишуваше – како може официјален претставник на една држава да пишува ваква книга, и такви текстови се појавуваа со недели”, вели Ознал.
Она што најмногу ги заболело Грците е фактот што, иако ставовите во книгата не се на официјална Турција, книгата е печатена во печатницата на турскиот Генералштаб и со тоа добива полуофицијален карактер. “Кога ја пишував книгата бев главен на воените историчари, иако јас не сум историчар по вокација, туку воен пилот. Во Воениот архив имав на располагање 8 милиони документи од 1853 година до 1974 година. Таму најдов дека од 1453 година кога султанот Мехмед Втори Фатих го освоил Истанбул, па сe до почетокот на 19 век македонскиот народ бил оставен да живее под Грчката патријаршија. Бидејќи македонскиот народ бил под посебна пресија за асимилација, на 11 март 1870 на Македонците им се дозволило да формираат своја црква, што говори дека Македонците и тогаш биле посебен народ”, вели Ознал.
“Македонскиот народ историски и етнички е посебен народ”, “Секој народ сам си го избира своето име”, “Македонскиот јазик е единствен”, “Грција го лаже Балканот”, “Грчките аспирации кон Македонија”, “Историските, културните и етничките вистини на Македонците треба да се признаваат”, се дел од насловите на поглавјата во книгата.
“Заменик-државниот секретар на САД Строб Талбот во тоа време рече: 'Грција е новиот бик на Балканот што ја напаѓа Македонија'. Во книгата покажав дека не држи тезата оти Македонија била, е и секогаш ќе биде грчка. Грците велат: Нема македонска нација, нема македонски јазик, Македонците се грчки, антички племиња, Македонија е повеќе од 4.000 години комплетно грчка култура. Античките Македонци се Грци. Сегашните Македонци се словенски племиња, а Македонија никогаш не била држава во историјата. Јас во книгата давам контрааргументи и прашувам: Кои сте вие да наметнувате име. Грција успеа Македонија да се именува како 'Поранешна Југословенска Република Македонија'. Во време на Османлиската Империја, Грција беше административна област. Значи неа сега треба да ја викаме 'Поранешна Османлиска Република Грција' , а истото важи и за Бугарија и за Србија”, укажува Ознал.
“Во весникот 'Напредок' што излегува во Солун, а се печати на француски јазик, во бројот што излезе на 26 октомври 1926 година, се констатира дека егејскиот дел на Македонија целосно се погрчил. Во големата енциклопедија на Грција на страница 410 се вели:'Со вселувањето на Грците што се иселија од Турција во егејскиот дел на Македонија извршивме еден голем патриотски долг'”, забележал Ознал во книгата. “Во 1990 година службите за човекови права во САД јавно проговорија дека Македонците како што ги има во Република Македонија, во Бугарија и во Албанија, ги има и во Грција. Иако Грција беше бесна, оваа констатација за постоењето на Македонци во оваа земја беше од голема полза светот да ја дознае вистината. Ако не постоеше овој народ и оваа нација, зошто Караманлис во 1992 леејќи крокодилски солзи на аеродромот во Солун рече дека Киро Глигоров ќе се кае за она што го вели и што го прави”, стои во книгата издадена 1993 година.
Прочитајте повеќе: Документација во турските архиви:Македонија не е ГрчкаГрција лаже кога тврди дека во неа не живеат Македонци, дека таков народ не постои ниту пак дека има малцинство со такво име. Турскиот генерал во п