Еве зошто не треба да им викаме на децата

Родителите не треба да им викаат на своите деца, поради фактот дека тоа може кај нив да остави трајни психолошки нарушувања. Особено, ако тоа е навика на родителите. Постојат три мошне добри причини зошто родителите не би смееле да им викаат на децата:
1. Викањето го става детето во одбранбена позиција – Децата во таква ситуација се чувствуваат беспомошно. За да се заштитат (што е прва и природна реакција) децата можат да почнат да лажат и таквата навика ја носат со себе и кога ќе пораснат, што ќе влијае на нивниот живот во иднината, на односите со семејството, пријателите и соработниците. За да ја избегнат лутината и викањето на родителите, децата ќе прибегнат кон лажење со цел да прикријат нешто што би можело да ги налути родителите. Детето, кое на тој начин стекнало навика за лажење, ќе ги лаже и наставниците, пријателите, а што е најлошо ќе се лаже и себе си.
2. Викањето го збунува детето – Во таква ситуација децата збунето се прашуваат што сториле за да предизикаат таквата родителска реакција. Имајќи предвид дека децата тогаш се чувствуваат одговорни за лутината на родителите, кои претставуваат авторитет, можат да почнат да се чувствуваат гневно, а може да се појави и чувство на улога на жртва. Детето збунето на тој начин може да стане трајно повлечено.
3. Викањето ги исполнува децата со страв – Што е случај со кој било друг вид екстремно казнување (вклучувајќи го и злоупотребувањето). Детето не само што чувствува страв, туку чувствува и дека премногу е контролирано и дека самото нема контрола врз својот живот. Често пати таквите деца кога ќе станат возрасни избегнуваат контрола од секаков вид, со што всушност почнуваат да се контролираат самите себе.
Децата ретко го разбираат однесувањето на родителите. Немаат поим што се случува во главите на родителите, ниту можат да разберат што значи да се грижиш за семејство. Тие едноставно се невини деца, кои очекуваат и заслужуваат правилен човечки третман, кој ќе им помогне да станат продуктивни членови на заедницата и на сопственото семејство.
Извор: denesen.mkРодителите не треба да им викаат на своите деца, поради фактот дека тоа може кај нив да остави трајни психолошки наруш

Пронајдете не на следниве мрежи: