Еве зошто некои мажи ги напуштаат добрите жени…

Понекогаш се случува врската да дојде до очекуван крај, кој нема да изненади ниту еден од партнерите, но може да се случи и таа одеднаш да прекине, без навидум добра причина. Без разлика како ќе дојде до овие ненадејни раскинувања, тие најчесто имаат нешто заедничко – 3 тајни причини кои го спречувале вашиот бивш партнер целосно да ви се препушти да ги искаже своите чувства.Сигурно би си рекле дека токму вашиот случај не е таков, но обидете се да ги прочитате овие причини со отворен ум, бидејќи можеби ќе се пронајдете.
1. Тој се чувствувал под притисок или непријатно
Дали сте сакале да бидете 24/7 заедно? Дали постојано сте барале повеќе љубов, внимание или секс? Дали се чувствувате како цело време да сте се обидувале да ги „поправите“ нештата во врската? Доколку можете да се идентификувате со одговорите на овие прашања, тогаш дефинитивно постоела нерамнотежа во вашата врска и големи се шансите дека тој чувствувал притисок од ваша страна. Исто така важно е да знаете дека не е сè ваша вина. Голем дел од мажите бегаат по секоја цена од емоционалниот притисок бидејќи на некој начин тие гледаат на него како намалување на нивната машкост. Токму затоа тие природно се исклучуваат и го заклучуваат своето срце, наместо да се справат со овие чувства на притисок или непријатност.
 2. Во вашата врска постоел натпревар
Доколку мажот има потреба да се натпреварува со својата девојка за контрола на врската, тоа не само што ќе направи тој да се чувствува непријатно туку и како да нема место за неговата машкост во нејзиниот свет. Имајте го ова на ум, бидејќи е многу важно. Не сакаме да кажеме дека мажите треба да ја контролираат целата врска, туку дека треба да постои рамнотежа. Во секоја успешна врска има комплементарни сили така што секоја личност препушта контрола во одредени области. Доколку ова не се случи, партнерите постојано ќе се натпреваруваат, резултирајќи со победа за еден од нив и загуба за врската.
3. Тој не се чувствувал ценето
Мажот не може да го изгради својот живот околу жена која не го цени. Тој мора да чувствува дека својата партнерка внимава на неговиот грб без разлика на ситуацијата. Исто така, тој треба да знае дека и во своите најслаби моменти, таа ќе го преплави со прифаќање. Постои една скриена вистина за вашата вредност во неговиот живот: Вие сте клучот за неговата големина. Па, доколку сакате тој да ви го покаже сè она кое постои во него, вие мора да поставите длабока основа на почит. Со жена која го почитува покрај себе, тој може да презема поголеми ризици во животот и всушност да искуси многу повеќе слобода отколку што некогаш верувал дека е можно.Сигурно би си рекле дека токму вашиот случај не е таков, но обидете се да ги прочитате овие причини со отворен ум, бидејќи можеби ќе се прона

Пронајдете не на следниве мрежи: