Доволно е да се види само еден филм во кој е претставен женскиот оргазам и ќе добиете општа идеја и како се претпоставува дека жената треба да се однесува за време на секс.Од култната сцена во „Како Хари ја сретна Сали“, преку „Сексот и градот“ до новата манија „Педесет нијанси сиво“ – се прикажуваат жените во екстаза на еден начин – бучно! Непрестано стенкање од задоволство.
Но, дали тоа е заштитен знак за кино или има нешто привлечно во реалниот звучен секс?
Експертите очигледно се сложуваат, бидејќи по ова прашање се направени неколку анкети. Една од нив е на Универзитетот во Лидс. Кај неа научниците прашале 71 сексуално активни жени меѓу 18 и 48 години за детален опис на вокалните навики за време на секс. Од одговорите станало јасно дека жените креваат врева за време на секс, но не задолжително кога добиваат оргазам.
Всушност, се покажало дека 66% од нив се бучни за да се забрзаат оргазмот на партнерот, а 87% го правеле за да му дадат повеќе самодоверба. Се чини дека жените не доживуваат потреба да викаат кога добиваат задоволство, а го прават главно заради задоволството на мажот.
Некои жени дури одговориле дека се гласни за време на секс поради досада и непријатност. Но, дали навистина женските воздишки се наменети само за машките уши и его?
„По ова прашање нема многу истражувања“, објаснува Кристен Марк, истражувач на Универзитетот во Индијана.
„Но, ние постојано сме бомбардирани од медиумски слики кои ни сугерираат дека силните воздишки се поврзани со оргазми и сексуално уживање. Затоа има логика во стратегијата со лажните стенкања, бидејќи на мажите им е наложено да прават врска помеѓу воздишките и оргазмите. Се разбира, кога глумат оргазам, реално не добиваат ништо: Ако се преправате дека добивате оргазам, му потенцирате на партнерот дека сѐ прави добро, а всушност не е така“ – објаснува сексологот Пети Бризбен.
„Користете звуци за да покажете дека ви се допаѓа и доживувате задоволство, а не за да го прикриете спротивното“.
Без разлика дали криците се лажни или не, жените не се единствените примати кои се гласни за време на секс. Истражувачите откриле дека женките павијани користат некои специфични звуци за да покажат дека се во овулација. Степенот на овие звуци се покачува, ако се парат со машки со повисок ранг.
Според експертите, карлицата е асоцијација помеѓу стенкање и задоволство и може да се користи за подобрување на сексуалниот живот. Со посилни воздишки и примамливо стенкање можете да му покажете на партнерот што точно ви се допаѓа.
Покрај тоа, не сите жени испуштаат звуци за да испорачаат задоволство на партнерот, некои го прават тоа целосно заради себе.
„Веројатно силните воздишки возбудуваат некои жени и им помагаат да добијат задоволство“ – вели Кристен Марк и додава: „Мислам дека има многу жени кои имаат потреба да бидат гласни за да достигнат оргазам. Така тие се приближуваат до својот врв, но е можно ова да се случува на неколку различни фази – може во почетокот жената да е многу бучна, а потоа, кога е токму на работ да замолкне целосно“.
Експертите додаваат дека мажите исто така може да земат пример од жените:
„Сексуалната самодоверба зависи и од двете страни. Затоа мажите не треба да се ограничуваат со едно кратко извикување на крај. И не станува збор за тоа дали ќе се преправате или дека ќе правите нешто што не сакате, станува збор да сте посветени на моментот и да сте во синхронизација со партнерот.“
Заклучокот е дека сите можеме да бидеме малку бучни кога ни се допаѓа.Од култната сцена во „Како Хари ја сретна Сали“, преку „Сексот и градот“ до новата манија „Педесет нијанси сиво&ldquo