Еве зошто сакаме да слушаме тажна музика кога сме нерасположени!

Конечно е откриено зошто сакаме да слушаме тажна музика кога сме нерасположени: поради неа всушност се чувствуваме подобро. Новата студија покажа дека тажните песни се сложени при емоционални реакции, кои водат до чувствата како олеснување и исполнување.
Истражувачите од Слободниот универзитет во Берлин испитале 722 личности ширум светот и откриле дека тажната музика е поуспешна од веселата и доведува до позитивни чувства.
Тие исто така откриле дека „тажната“ музика често буди носталгија, отколку тага.
„Повеќето испитаници почувствувале повеќе од 3 вида емоции во текот на слушањето тажна музика“, пишува во нивната работа.
Истражувањето кое го предводеле Штефан Келп и Лила Таруфи објавено е во списанието „Plos One“.
Инаку, од големата листа на музички дела кои им беа понудени на испитаниците за оценување како „тажни“, најмногу ја оцениле „Месечевата соната“ на Бетовен. Од популарните песни, на листата се нашле и „Fade to Black“ од групата Металика, „Comfortably Numb“ од Пинк Флојд и „Someone Like You“ од Адел. 
Новата студија покажа дека тажните песни се сложени при емоционални реакции, кои водат до чувствата како олеснување и исполнување.
Истражув

Пронајдете не на следниве мрежи: