Со Џек се почувствувала возбудено – конечно за прв пат во животот имла секс. Таа имала 29 години, а тој бил женет. Со Ден возбудувањето било се поголемо и поголемо, иако неговата коса била седа и бракоразводната парница била во тек. Кај Том ретко забележувала дека има бурма на раката. Таа излегува само со женети мажи и ќе ви открие зошто.Хедер израснала во семејство во кое сите се „прегрнувале како роботи“, во кое интимноста се избегнувала по секоја цена. Детството и раната младост ги поминала сонувајќи за љубов на прв поглед, за своршена врска и страствен секс. Но влегла во 30-та година од животот и понатаму невина.
Тогаш открила дека всушност забранетото овошје е најслатко. Почнала да излегува само со женети мажи и набрзо согледала дека не само што сексот е совршен, туку дека со овие мажи нема никаква иднина. И тоа и се допаднало.
„Овие врски се херметички, постојат само во нашите станови. Дали се тоа врски без никаква иднина? Да, но што има врска? Што доколку не сакам да се впуштам во долго патување, во кое сценариото постојано се менува? Што доколку сакам „кружен тек“? Терминот „слепа улица“ често се користи во ваквите ситуации и тоа значи дека дека кога тогаш крајот ќе дојде. Ќе дојдете до крајот и ќе морате да се завртите и да се вратите. Но врската со женет маж е всушност како кружен тек, кој поврзува повеќе улици и јас можам да излезам од неа на неколку начини“, пишува таа.
Иако најголемата мана на врската со женет човек е тоа што знааете дека тој ќе ѝ се врати на сопругата, Хедер вели дека ужива додека ги гледа како си одат.
„Можеби, знаете, како бабата која е горда на своето внуче како расте, што ќе се осамостои и ќе стане нечија туѓа одговорност, јас задоволно гледам како моите мажи одат. Ги пуштам да се вратат кај своите жени. Кога ќе ја затворам и заклучам вратата за нив, сама сум. Благословено сама. Сама гледам како ми се појавуваат брчки на лицето, сама ги забележувам седите влакна на главата. Мажите со кои сум не ја поминуваат ноќта кај мене. Ноќта е за семејството“, вели Хедер.
Затоа ноќе чита сама, без притисок дека мора да изгледа убаво за својот маж. Таа ги испаршува своите љубовници за нивните семејства и, како воајер, набљудува како сето тоа функционира. Но не сака таа самата да го има тоа.
„Поминаа 15 години откако последен пат го видов Џек. Еден колега неодамна го сретнал, го прашав како изгледа. Ми рече дека изгледа старо. Кога милсам на него, тој останал таков каков што сум го знаела. Тој остарел, се променил, но доколку јас не сум посведочила за таа промена, како и воопшто да не се случила“, смета Хедер.
Хедер секогаш ќе остане „втората жена“ и сосема е задоволна со таа позиција.
„Аферите со женети мажи се контролирани. Има топлина, но има и простор. Има интимност, но има и одалеченост. Не можам да го контролирам стареењето. Но како втора жена секогаш ќе го имам тој елемент на мистерија“, заклучува таа.Хедер израснала во семејство во кое сите се „прегрнувале како роботи“, во кое интимноста се избегнувала по секоја цена. Детството



