Зошто испуштаме гасови? Зошто мирисаат? Испуштањето на гасови може да биде непријатно за повеќето од нас, но може да се чувствувате подобро ако знаете дека ова е една од најчестите телесни функции на сите времиња.Сите го прават тоа, од Хали Бери до кралицата на Англија. Всушност, зборот „fart“ (прдеж) е еден од најстарите зборови во англискиот јазик.
Продолжете да читате за да најдете уште интересни факти за оваа појава.
1. Што точно е прдеж?
Предизвикан е од воздух кој е фатен во стапица и кој може да дојде од многу извори. Дел од воздухот бива проголтан додека јадеме или пиеме. Дел од воздухот е предизвикан од гас кој се впива во цревата од нашата крв, а дел од овој гас се произведува од хемиски реакции во цревата или бактерии кои живеат во цревата.
Типичен гас се состои од околу 59% азот, 21% водород, 9% јаглерод диоксид, 7% метан и 4% кислород. Само околу еден процент од гасот содржи водород и соединенија кои содржат сулфур, а сулфурот е она што го носи мирисот на испуштениот гас.
Гасот испушта звук кога е пуштен, поради вибрациите на ректумот. Гласноста може да варира во зависност од тоа под каков притисок излегува гасот, како и во зависност од стегање на мускулите на сфинктерот.
2. Зошто мириса лошо?
Колку побогато со сулфур е вашето мени, толку ужасно ќе мириса прдежот. Некои видови храна содржат повеќе сулфур отколку други, поради што јадењето на храна како грав, зелка, сирење, леб и јајца можат да предизвикаат гас.
3. Луѓето испуштаат гасови околу 14 пати на ден
Нормалниот човек произведува околу половина литар гасови секој ден и иако многу жени нема да го признаат тоа, тие испуштаат гасови често колку мажите. Всушност, една студија докажува дека кога мажите и жените јадат иста храна, жените имаат тенденција да имаат уште повеќе концентриран гас отколку мажите.
Ако на човек му се наложи да прди постојано во тек на 6 години и 9 месеци, тој ќе произведе гас еквивалентен на енергијата на атомска бомба.
4. Гасовите излегуваат со брзина од околу 3 метри во секунда
Иако излегуваат со различна брзина, луѓето обично не можат да ги помирисаат околу 10-15 секунди откако ги пуштиле. Тоа е така, бидејќи е потребно толку време за мирисот да достигне до ноздрите.
5. Да задржите прдеж може да биде лошо за вашето здравје
Лекарите се расправаат за тоа дали задржување на прдеж или не е штетно за вашето здравје. Некои експерти сметаат дека тоа е природен дел од дигестивниот систем, па да го држите во вас нема да ви наштети. Други сметаат дека во најдобар случај, воздржувањето може да предизвика гасови, надуеност и други непријатни симптоми, а во најлош случај, инхибицијата на гас може да предизвика хемороиди или проширени црева.
6. Во некои култури, испуштањето гасови не е нешто особено
Додека повеќето култури сметаат дека пуштањето гасови треба да се воздржува, има некои култури, кои не само што немаат ништо против да пуштаат гасови на прошетка во јавни места, но всушност им се допаѓа да го прават тоа. Едно индијанско племе во Јужна Америка, наречено Јунонами, го користи прдењето како поздрав, а во Кина всушност можете да си најдете работа како професионален подучувач за прдење.
Во антички Рим, императорот Клаудиј, стравувајќи дека задржувањето на прдежот е лошо за здравјето, донесл закон во кој се се наведува дека е прифатливо да се испушта гас на средби.
7. Прдеж е запалив
Како што е наведено погоре, метанот и водородотможат да го направат гасот силно запалив. Затоа некои луѓе сметаат дека е забавен трик да се држи запалка до задникот и да се испушти малку гас. Тоа предизвикува голем прилив на пламен, но очигледно е многу опасно.
Во ретки случаи, акумулација на запаливи гасови во цревата предизвикува експлозии за време на цревни операции.
8. Термитите произведуваат најмногу прдеж од сите други животни
Тешко е да се поверува дека малите термити се одговорни за голем дел од нашиот глобален проблем со затоплувањето на планетата. Термитите прдат повеќе од било кое друго животно кое произведува метан. Според Агенцијата за заштита на животната средина, глобалните емисии на метан поради термити се оценуваат како втор по големина природен извор на овој гас. Метанот се произведува во термитите како дел од вообичаениот дигестивен процес и генерираната количина варира помеѓу различни типови.
9. Ако задржите гас, тој едноставно ќе излезе додека спиете
Дури и да го држите гасот во себе цел ден, тој ќе се испушти откако ќе се релаксирате. А што е повеќе релаксирачко од сонот?
10. Луѓето испуштаат гасови и по смртта
Доказ дека не можете да избегнете пуштање гасови дури и откако сте мртви! До три часа откако телото ќе умре, гасовите продолжуваат да излегуваат од двата краја на дигестивниот тракт, што доведува до звуци на ждригање или прдеж. Овој феномен се должи на мускулите кои се стегаат и прошируваат пред да настапи вкочанувањето.Сите го прават тоа, од Хали Бери до кралицата на Англија. Всушност, зборот „fart“ (прдеж) е еден од најстарите зборови во англиски