Еве зошто треба често да конзумирате авокадо!

Авокадото е една од најздравите овошки на нашата планета, па не е ни чудо  што нутриционистите често го препорачуваат, нарекувајќи го суперовошје. Покрај останатото, во еден плод авокадо се кријат скоро 20 витамини и минерали. Импресивно зар не?Една од овогодинешните студии докажала дека луѓето кои постојано конзумираат авокадо имаат значително поголемо ниво на влакна, витамин Е и К, магнезиум и калиум, пишува нутрициониската Синтија Сас за американскиот магазин  Тајм.
Со оглед на тоа дека и самата, како што признава, редовно ужива во благодетите на авокадото, таа истакнува и пет причини поради кои авокадото би требало почесто да се најде на нашето мени, барем онолку колку што  можеме да си го дозволиме ова овошје.
Единствена храна која е богата со добри масти  помага во варењето и го успорува убрзаното празнење на стомакот, поради што подолго време чувствуваме ситост. Авокадото, кое по плод  во просек содржи 22 грама добри масти (најмногу мононезаситени масти кои се одлични за нашето срце), одлично се вклопува во таа слика.
Во  друга студија волонтери го оценувале своето чувство на задоволство, ситост и глад по оброк без, а потоа  во друг круг по истиот оброк со авокадо. Само половина авокадо кое било додадено во оброкот значајно го зголемило чувството на ситост кое траело наредните неколку часа.
Иако многумина при спомнувањето на масти ги изедначуваат истите со вишок килограми, вистина е дека одредени масти всушност можат да бидат одлични сојузници во борбата против  вишокот килограми. Тоа се всушност оние масти од растително потекло кои ги има во големо количество во авокадото,а кои во нашиот организам  се однесуваат како антиоксиданти и го решаваат проблемот со цревните воспаленија.

Мононезаситените масти со кои е богато авокадото го смалуваат нивото на лошиот холестерол и го зголемуваат нивото на добриот. Овој двоен ефект го намалува ризикот од  срцеви заболувања.
Студијата која ја спровел државниот Универзитет во Охајо покажала дека авокадото како додадок во јадењата може да биде моќен антиоксидант. Испитаниците во оваа студија во салатите додавале по две ипол лажици авокадо, внесувајќи во својот организам   така осум пати повеќе алфа- каротен и тринаесет пати повеќе  бета- каротен кои се одлични во борбата против канцер и срцеви заболувања.
Освен тоа авокадото е извор на калиум кој го регулира крвниот притисок  однесувајќи се како природен диуретик.
Иако најчесто се конзумира како главна состојка во гвакамоли, прилог со кој се гордее мексиканската кујна. Авокадото може да се додаде и во бројни  слатки рецепти.Една од овогодинешните студии докажала дека луѓето кои постојано конзумираат авокадо имаат значително поголемо ниво на влакна, витамин Е и К, магне

Пронајдете не на следниве мрежи: