Еве зошто треба секојдневно да консумирате мандарини

Есента е период кога витамините ја преземаат главната улога во одбрана од бактерии и вируси.Токму затоа мандарината се смета за кралица на ова годишно доба, со тоа што на нашиот организам му обезбедува дури 80 отсто од потребниот дневен внес на витаминот Ц. 
Покрај тоа што е богато со витамин Ц, ова цитрусно овошје содржи и витамини од групата Б, но и минерали како калциум, магнезиум, цинк и калиум. Антиоксидансите кои можат да се најдат во мандарината го намалуваат нивото на лошиот холестерол и со самото тоа го намалуваат ризикот од висок крвен притисок, мозочен удар, болести на срцето и заболувања на црниот дроб.
Сок од мандарина за нега и лекување
Научниците откриле дека лицата кои секојдневно консумираат сок од свежи мандарини го намалуваат ризикот од развој на неколку видови рак. Мандарините во својот состав имаат и бета каротен, кој е заслужен за добриот вид и сјајната кожа.
Ова овошје е одлична состојка за подготовка на маски за кожа, како и коса, бидејќи содржи висок процент на витамин Ц кој е идеален за обновување на влакното и неговиот раст. Сокот од мандарини во комбинација со масло за коса е идеален третман кој ќе ѝ даде сјај и здрав изглед на косата.
Одличен сојузник на витката линија
Мандарините се одлични во борба со вишокот килограми, со тоа што претставуваат богат избор на диетални влакна. Со редовното консумирање на оваа намирница ќе се чувствувате сити, а ќе ја задоволите и дневната потреба за внесување на влакна – препорачаната дневна количина е 20 грама, а 100 грама мандарини содржат дури три грама влакна.
Експертите тврдат дека мандарините влијаат и на вашето расположение – нивниот мирис помага да се опуштите и полесно да се изборите со секојдневниот стрес, депресија и анксиозност.
 
 Токму затоа мандарината се смета за кралица на ова годишно доба, со тоа што на нашиот организам му обезбедува дури 80 отсто од потребниот дне

Пронајдете не на следниве мрежи: