Еве зошто војуваат: Ова се сите делови на Украина кои би можеле да се припојат кон Русија!

Ако Владимир Путин одлучи да продолжи со анексии на украинските региони во кои што живеат Руси, ќе го направи тоа против волјата на населението, бидејќи процентуалната застапеност на неговиот народ ниту во еден единствен од тие региони не преминува 50%.Кршењето на меѓународното право од страна на моќните земји не е ништо ново, но по завршувањето на Втората светска војна се нема случено една земја да започне отворено да ја анектира територијата на својот сосед. Оправдувањето е секогаш исто: етничкото малцинство на посилниот сосед е загрозено од страна на државата во која што живее, па поради нивната заштита е потребна воена интервенција, но и експанзија во поекстремни случаеви.
За разлика од Крим, автономните републики во составот на Украина немаат мнозинска застапеност на руското население во нив. Источните региони на козачката татковина не се ни приближно толку етнички погодни колку што Москва би го сакала тоа, но вооружените побуненици сепак прогласија независнот во поголемиот дел од овие региони.

Треба прво да се појде од демографската структура на овие делови од Украина. Во Донецк, множинството се Украинци со 56,9%, додека Русите се 38,2%; поголемиот дел од населението сепак го користи рускиот како мајчин јазик. Во Луганск исто така мнозинството го користи рускиот јазик, но процентуалната застапеност на Украинците е 54%.
Украинците во Харков се со убедливи 70%, додека Русите ги има само со 25%, но и мнозинството го наведува украинскиот јазик како мајчин. Днепропетровската област е уште подрастична, бидејќи украинското население е со 80%, а Русите се само 17%. Двојно повеќе луѓе го наведуваат украинскиот како мајчин јазик. Слично е и со областа Запорожец, која е татковина на познатите запорошки Козаци: Украинци 71%, Руси 25%.

Во областа Херсонск има 82% Украинци, додека Русите сочинуваат само 14% од населението. Слична е ситуацијаta и во областа Миколај. Во областите чиј што центар се наоѓа во Одеса, етничките Украинци се со 63%.
Како што се гледа од статистиките, ако Владимир Путин се одлучи да анектира некој од овие региони, тој ќе го направи тоа спротивно од волјата на граѓаните кои што живеат таму. Што се однесува на протестите што се одржуваат во овие региони, Русите имаат собрано само 10.000 демонстранти во Донецк. А во Луганск, Одеса и Миколаев само 5.000 луѓе излегоа на улиците.
Меѓутоа, тешко дека Путин ќе обрне внимание на овие статистики бидејќи добро му е познат фактот дека источните региони се најбогати и се единствените индустријализирани делови на Украина.Кршењето на меѓународното право од страна на моќните земји не е ништо ново, но по завршувањето на Втората светска војна се нема случено една земја

Пронајдете не на следниве мрежи: