Лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев и неговата партиска колешка Радмила Шеќеринска, си заминаа од шоуто Златна Буба Мара на популарноста, додека водителот Сашко Коцев на бината кажуваше скечеви за нивната партија.Додека актерот Сашко Коцев на „Златна бубамара“ во скечевите го исмеваше случајот со корупцискиот скандал на Заев и Специјалната јавна обвинителка, лидерот на СДСМ стана од своето место во централниот партер и ја напушти скопската Метрополис арена, а по него излезе и потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска со својот сопруг, Божидар Јанковски (Бобо Дајнерс).
Заев не можеше да се соочи со вистината за него и криминалите на кланот Заеви во Струмица, а актерот Сашко Коцев ја прели чашата. Начинот на функционирање на општина Струмица беше една од темите на „Златна Бубамара“, а тоа беше неиздржливо за Заев и Шеќеринска.
Сашко Коцев започна да се потсмева и да се шегува со неписменоста на лидерот на СДСМ, иронизирајќи дека „и тој бил црпнат од организаторот Ранко Буба Мара“, на што следеше громогласно смеење во салата од сите присутни, освен, нормално од Заев и неговата верна сенка Шеќеринска.
Потоа, следеше продолжение на хумористичното извртување на болната вистина за корупцијата која владее во општина Струмица.
Имено, беше промовиран и новиот виц на актерот Сашко Коцев кој вели: „…има евтино вино во Струмица, едно евро за виното, а едно за флашата“.
Токму ова вино ја прели чашата на Заев, кој само пет минути по промоцијата на вицот, тој и Шеќеринска ја напуштија салата каде што се одржуваше „Златна Бубамара“.Додека актерот Сашко Коцев на „Златна бубамара“ во скечевите го исмеваше случајот со корупцискиот скандал на Заев и Специјалната јавна