Скопје, 24 март 2017:Со симболично исклучување на електричната енергија од логото на зградата во Скопје и во сите Корисничко енергетски центри низ земјава, на 25. март од 20:30 до 21:30 часот, „ЕВН Македонија“ и годинава се приклучува на глобалната акција „Час на планетата земја“.
Годинава „Час на планетата земја“ се одржува под мотото „Заблескај светлина на климатските промени – вклучи се во акција, исклучи ги светилките“, што е директно поврзано со енергетската ефикасност и намалување на глобалното загадување. ЕВН Македонија е една од компаниите која реализира низа активности за едукација и примена на енергетската ефикасност во Македонија. Во таа насока е и кампањата „Енергетска математика“, чија цел е подигнување на свеста и промена на навиките при користење на електрична енергија.
„Часот на планетата земја“ ќе се одбележи и во рамките на кампањата „Енергетска математика“. Преку социјалната мрежа „ Facebook“започнува иницијатива чија цел е мотивирање на корисниците на оваа мрежа да праќаат идеи и пораки за активности без употреба на енергија. Најдобрите идеи и пораки ќе добијат и симболична награда.
Освен преку кампањата „Енергетската математика“, ЕВН Македонија иницира и спроведува низа други активности, мотивирајќи ги и вработените и корисниците да живеат и делуваат во духот на енергетската ефикасност. Истовремено, сите активности на компанијата се одвиваат во целосен склад со принципите за заштита на животната срeдина. Покрај тоа, ЕВН Македонија во континуитет спроведува проекти за заштита на животната средина и природните ресурси. ЕВН Македонија на своите корисници им ја понуди и услугата Е-фактура, чија цел е покрај брзиот и едноставен начин на комуникација и да ја намали употребата на хартија за печатење на месечните фактури, со што се заштитува животната средина.
Заштеда на електрична енергија е директен придонес во намалувањето на вкупните емисии на т.н. стакленички гасови во атмосферата, кои се посочуваат како еден од главните причинители на глобалното затоплување и климатските промени.Годинава во глобалната акција „Часот на планетата земја“ ќе се приклучат на 7.000 градови низ 170 држави во светот, каде по локално време ќе биде исклучена електричната енергија. Годинава „Час на планетата земја“ се одржува под мотото „Заблескај светлина на климатските промени – вклуч