Заев и Владата со „змија во џебот“, нема награди за бесмртните херои на Вардар.Зоран Заев и владата на Република Македонија не определија средства за награда на ракометарите на Вардар, за „бесмртните“ како што шампионите се нарекувани по социјалните мрежи од страна на своите фанови.
Иако очекувано од јавноста, бидејќи стана пракса да се наградуваат репрезентации и екипи за големи успеси, ракометарите на Вардар, овие херои на нашето време, не добија такво внимание од новата влада која очигледно меѓу своите реформи има планирано и реформа за ненаградување на огромни спортски успеси.
Владата не се ни понуди да организира пречек за ракометарите, а обврската за дочек на хероите од Келн ја презеде Град Скопје и градоначалникот Коце Трајановски. Се што шампионите добија од владата беше прием кај премиерот Заев, вода, кафе и сок – како што можевме да забележиме од снимките од приемот. Тие беа далеку подарежливи кон него, па му подарија дрес од Вардар со неговото презиме и еден златен медал од освоените во Келн, бидејќи институцијата Влада на Република Македонија заслужува спомен од огромниот успех кој е успех за цела држава, а не само успех на Вардар. Ова со свои зборови го кажаа без исклучок сите ракометари на Вардар, без оглед на земјата од која доаѓаат.
Иван Чупиќ, човекот кој го постигна историскиот гол, на прославата на плоштадот Македонија рече дека се чувствува како Македонец, а легендарниот Тимур Дибиров додаде дека за него не се победи мечевите против Барселона и ПСЖ, туку тоа што на плоштадот Македонија во Скопје гледа десетици илјади верни навивачи кои се во екстаза по успехот на Вардар и цела Македонија. На иста линија со Дибиров беше и сопственикот на клубот Сергеј Самсоненко, архитектот на овој грандиозен успех, кој исто така шампионската титула ја посвети на целата држава.
Наградата од Владата за овој успех на Вардар која никогаш не дојде немаше воопшто да им ги промени животите на добро платените ракометари на црвено-црните, но ќе беше добар гест за да се покаже дека покрај тоа што Вардар има однос кон државата, и државата има однос кон Вардар, кон брендот кој е гордост на цела Македонија.
Образот меѓу институциите покрај Град Скопје го обели ден пред тоа и Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов кој на сите ракометари им додели орден За заслуги за Македонија.
Успехот на Вардар беше дочекан во делириум од 99% од жителите во Македонија, а единствени кои негодуваа беа оние на кои редовно им пречи успех на македонска спортска екипа и/или репрезентација, оние на кои им пречи славење, пеење, веење знамиња и се што го буди патриотизмот. Тоа е онаа група на луѓе кои се радуваат кога Македонија губи бидејќи тогаш се чувствуваат најкомотно во сопствената кожа – на „македончето“ секогаш му сметале Македончишта. А за да си Македончиште не треба да си роден тука. Може да се викаш и Тимур и Иван и Лука и Раул и Сергеј. Потполно неважно. Треба само да не си злобен човек и да ја сакаш со срце Македонија.
Инаку, премиерот Зоран Заев е познат и како навивач на Шкендија од Тетово, но тоа не треба ништо да значи во конкрениот случај, бидејќи и покрај тоа што навива за Шкендија, е премиер на сите граѓани во оваа земја. А Македонија застана обединета зад Вардар. Со чест на исклучоци, нели.Зоран Заев и владата на Република Македонија не определија средства за награда на ракометарите на Вардар, за „бесмртните“ како што шамп