Еврокомесарот Хан на 14. октомври ќе го посети Скопје

Еврокомесарот за преговори за проширување и соседска политика Јоханес Хан, идниот петок на 14-ти октомври ќе ја посети Република Македонија. Во Скопје се предвидени средби со цел дискусија за организацијата на предвремените парламентарни избори во декември и имплементација на итните реформски приоритети.Ова за МИА го потврди портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ, потврдувајќи дека првиот човек за проширување на Европска унија ќе дојде два дена по предвиденото распуштање на македонскиот парламент со цел организирање на изборите на 11 декември.
– Ние можеме да потврдиме дека комесарот Хан ќе отпатува во Скопје следниот петок на 14 октомври. При оваа посета, тој ќе се состане со претставниците на четирите најголеми политички партии во земјата, со специјалниот обвинител и со претставници на граѓанското општество. Обемот на мисијата ќе биде дискусии за состојбите во земјата, особено на организацијата на изборите во декември, како и спроведувањето на Итните реформски приоритети,  изјави Коцијанчиќ за МИА.
Како гарантор на Пржинскиот договор што меѓу четирите политички партии во Македонија беше постигнат во јуни/јули минатата година, а надграден на 31 август оваа година, комесарот Хан сака да се увери дека договорот ќе се почитува во земјата и дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 11 декември и истите да стават крај на долготрајната македонска политичка криза.Ова за МИА го потврди портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ, потврдувајќи дека првиот човек за проширување на Европска унија ќе дој

Пронајдете не на следниве мрежи: