Европа е на праг на банкарска криза

Италијанската банкарска криза може да се прошири кон остатокот од Европа. Правилата за ограничување на државна помош за кредитните институции треба да бидат разгледани за да се спречи поголема катаклизма, изјави за „Блумберг“ претседателот на Бордот на директори на „Сосиете женерал“ (Societe Generale SA) Лоренцо Бини Смаги.„Целиот банкарски пазар е под притисок“ – рече поранешниот член на Извршниот совет на Европската централна банка.
„Усвоивме правила за државна помош. Овие правила треба да бидат прифатена од еден пазар кој е на прагот на криза за да се одлучи дали да се укинат или да се применуваат“.
Италијанскиот премиер Матео Рензо подготвува да издвои милијарда евра од државниот капитал за спасување на банките во Италија, кои имаат стекнато во нивните паричници лоши долгови во вкупна вредност 360 милијарди евра.
Овој план за 40 милијарди евра треба да овозможи да се изврши масовна рекапитализација на банкарскиот систем, што другите европски држави ја започнаа пред неколку години, пишува „Фајненшл Тајмс“.
Проблемот е во тоа што спасувачките мерки на Рензо влегуваат во конфликт со регулаторните одредби во Европската унија, воведени како одговор на финансиската криза од 2008 година. Не даночните обврзници, туку доверителите и акционерите треба да го преземат товарот за спасувањето на банките. А тоа би значело банкрот од стотици милијарди евра во Италија, кој ќе влијае на сите финансиски институции во Европа.
Строгите европски правила против државното спасување на банките беа предмет на договарање кое траеше неколку години и реално сѐ уште не се тестирани за време на вистинска криза. Сепак, тие се суштински услов за интеграција на еврозоната. Без овие гаранции, Германија не би го прифатила ризикот, присутен во создавањето на единствена банкарски унија.
Во Берлин и Брисел се плашат дека напорите на Рензо ќе ги поткопаат реформите на банкарскиот систем. Маркус Фебер, десничарски европратеник од Германија, сепак коментира дека „малку слобода на дејствување од страна на Европската комисија во однос на прашањето со државната помош може да биде од корист кога станува збор за избегнување на следната банкарска криза“.
Италија сака да изврши рекапитализација на своите проблематични банки со државни средства и да ги откупи лошите кредити. Проблематичните обврски се акумулирани во текот на тригодишната рецесија на италијанската економија по финансиската криза и деценијата на стагнација. Потоа и од каматната политика на Европската Централна Банка, чии нула и негативни стапки ги потиснаа каматните маргини и профитот на кредитните институции.
Рензо тврди дека се обидува да реши проблем кој неговите претходници го одложиле во 2013 година. Банката „Монте деј Паши ди Сиена“, која е трета по големина на активата во Италија, се соочува со најсериозни проблеми, а таа има блиски врски со централно-левичарската Демократска партија на Рензо.
Секое нејзино преструктуирање негативно ќе влијае врз кредитори и илјадници инвеститори на мало. Во понеделникот и вторникот нејзините акции поевтинија на близу 30%. Од почетокот на годината цената им падна за 77%. Вчера тие поскапеа за 17%, откако берзата во Милано привремено го забрани отворањето на кратки позиции со нив.
Најголемата италијанска банка „УниКредит“ загуби повеќе од 60% од пазарната капитализација оваа година и го смени својот главен извршен директор, по шпекулациите дека има потреба од дополнителен капитал. Проблемите на италијанските банки беа познати, но се продлабочија од нестабилноста предизвикана од одлуката на британскиот референдум за излез од ЕУ.
Стравувањата, сепак не се исцрпуваат со Италија. Во Германија стравувањата исто се зголемуваат. Минатата недела, Меѓународниот Монетарен Фонд го нарече водечкиот германски кредитор „Дојче банк“ – најголема ризична банка во светот, а нејзиниот огранок во САД падна на стрес-тестовите на ФЕД.
Акциите на „Дојче банк“ од почетокот на годината поевтинија за 49%, по падот за 70% минатата година и во септември можат да бидат исклучени од европскиот индекс на блу чип Stoxx 50, сметаат аналитичарите на „Сосиете женерал“.
Како во Италија, така и во Германија има премногу банки кои не се профитабилни и на кои им е потребна консолидација, смета Бини Смаги.„Целиот банкарски пазар е под притисок“ – рече поранешниот член на Извршниот совет на Европската централна банка.
„Усвоив

Пронајдете не на следниве мрежи: