Европа е погодена од проклетството на Гадафи: Еве што либискиот лидер порача непосредно пред смртта!

Како што во Европа сѐ повеќе јакне бегалската криза, многу руски медиуми потсетуваат на мрачното пророштво на покојниот либиски лидер Муамер Гадафи, кој го напишал во вид на писмо неколку месеци пред својата насилна смрт.„Слушајте ме сега вие луѓе од НАТО! Го бомбардирате ѕидот кој им стои на патот на мигрантите од Африка кон Европа и терористите на Ал Каеда. Тој ѕид е Либија. Вие го урнавте. Вие сте идиоти и ќе горите во пеколот поради илјадниците мигранти од Африка и поради поддршката на Ал Каеда. Тоа ќе биде така. Јас никогаш не лажам. Не лажам ниту сега“ – напишал Гадафи во отвореното писмо кое го објави руски Завтра во мај 2011 година, само неколку месеци пред да биде убиен.
Од почетокот на годината, 500.000 бегалци пристигнале во Европа, а бегалската криза стана приоритет број еден за земјите на ЕУ, што го потврди и претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер во своето обраќање во Европскиот парламент за состојбата во ЕУ.
„Европа денес претставува светилник на надежта и прибежиште на стабилноста во очите на жените и мажите од Блискиот Исток и Африка. Тоа е нешто на што треба да бидеме горди, а не нешто од коешто треба да се плашиме“ – рекол Јункер.
Прашањето што ја предизвикало кризата, покренува лавина коментари. Експертите сметаат дека Европа го изгубила својот углед на најстабилно место на светот, главно поради тоа што водечките европски земји и САД ги уривале слабите режими, токму во оние земји чии луѓе сега ги освојуваат железничките станици во ЕУ.
„Јасно е со голо око дека бегалската криза е резултат на американско-европската политика“ – вели Борис Долгов, виш истражувач на Институтот за ориентални студии на Руската академија за науки.

„Уништувањето на Ирак, уништувањето на Либија и обидот за рушење на Башар ал Асад во Сирија преку исламските радикали – тоа е политиката на ЕУ и САД, а стотици илјади бегалци се резултатот од таквата политика“ – рекол тој за руската агенција Тасс.
„Овие луѓе се исцрпени, лути и понижени. Не знаат ништо за европските вредности, начинот на живот и традицијата, мултикултуралноста и толеранцијата. Тие никогаш нема да се придржуваат до европските закони“ – пишува во својот блог рускиот писател, драматург и режисер Евгениј Гришковец.
„Тие никогаш нема да чувствуваат благодарност кон оние во чии земји успеале да влезат по толку проблеми, бидејќи истите тие држави први го покренаа крвопролевањето во нивните татковини“.
Политикологот Фјодор Лукјанов, смета дека кризата со мигрантите е само врв од ледениот брег, а е суштина на проблемите кои се натрупувале низ годините.
„Постои директна врска помеѓу мигрантската криза и последните петнаесет години од западната политика на Блискиот Исток“ – вели Лукјанов во провладиниот лист Росијска Газета.
„Ниту еден обид за интервенција не даде очекувани резултати. Напротив, секој таков потег само ги сврте работите од лошо кон полошо. Но, дури ако САД и Европа би прифатиле да одат по поумерена линија, ерозијата и понатаму би се случувала, но со послабо темпо. Меѓутоа, крајниот резултат ќе биде ист. Додека моделите на 20. век стануваат нефункционални во новите услови, нема да има мирна транзиција кон наредната фаза“.
Колумнистот и блогерот Виталиј Третјаков, се прашува зошто Европската Унија влезе во стапица од која никогаш нема да може да излезе.
„Европа и САД ја отворија Пандорината кутија. Постојат многу причини за ваквата состојба, но сите се засноваат на ароганција и претерана самодоверба. Европејците секогаш се чувствуваат супериорно во однос на сите останати во светот. Мигрантите бегаат да се спасат од теророт и зад себе оставаат огромна територија во виор на граѓански војни и оружан хаос“ – заклучува Третјаков.„Слушајте ме сега вие луѓе од НАТО! Го бомбардирате ѕидот кој им стои на патот на мигрантите од Африка кон Европа и терористите на Ал Каеда.

Пронајдете не на следниве мрежи: