Европа ја очекуваат ГОЛЕМИ поплави!

Значителни територии на Западна, Централна и Источна Европа по 30-70 години ќе се најдат под закана од глобален потоп, во случај ако човештвото не ги преземе потребните мерки. Таква е прогнозата во извештајот на Европската агенција за животна средина, објави New Scientist.Агенцијата за прв пат спроведе глобален мониторинг на состојбата на водените ресурси на Европа и состави прогноза за потопување на голем број територии на континентот.
Климатолозите сметаат дека до 2050 година економските штети од поплавите ќе нараснат пет пати, а кон 2080 година – 17 пати. Меѓу териториите под закана се наоѓаат регионите лоцирани во долините на најголемите реки – првенствено Рајна и Дунав.
За последните сто години во Европа се уништени 90 проценти од коритата, кои за време на поплави ги штитат ниските области по течението на реките од вишокот вода. Прогнозата на агенцијата е основана врз анализа на претходните поплави, темпото на глобалното затоплување и недостатокот на мерки за борба против нив.
Научниците ги доставија следните податоци. Во периодот меѓу 1980 и 2010 година во 37 европски земји се регистрирани 3563 поплави. Најмногу катастрофи имало во 2010 година (321 поплави во 21 земји). Најмногу настрадани имало во Италија (6.7 милиони луѓе, или 11% од населението), а најмногу е погодена Унгарија (1.8 милиони лица, 18% од површината).
Со тек на време, од несреќи ќе страдаат повеќе луѓе и територии. Научниците нудат комплексно решение на проблемите со поплавите во Европа. Од една страна, тоа вклучува борба против глобалното затоплување, а од друга – обновување на природните екосистеми на речните води и корита, резимира Lenta.ru.Агенцијата за прв пат спроведе глобален мониторинг на состојбата на водените ресурси на Европа и состави прогноза за потопување на голем број терит

Пронајдете не на следниве мрежи: