Европарламентот усвои Резолуција со која ја повика Турција да го признае ерменскиот геноцид

Европскиот Парламент вчера усвои Резолуција со која ја повика Турција да ја искористи стогодишнината од османлиските злосторства и да го признае ерменскиот геноцид, со што ќе придонесе за помирување меѓу двата народи.Според предлагачите на Резолуцијата, нејзина цел е да придонесе за намалување на тензиите што настанаа во врска со случувањата од пред еден век кои резултираа со смрт и иселување на повеќе од 1,5 милиони Ерменци од нивните домови на територијата на Отоманската Империја.
– Европскиот парламент ќе ги смета како чекор во вистинската насока сите постапки на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и на другите високи претставници со кои ќе бидат признати злосотрствата извршени врз отоманските Ерменци, се наведува во документот.
Аналитчарите проценуваат дека со ваквата Резолуција на Европарламентот, прашањето за признавањето на „ерменскиот геноцид“ може да прерасне во уште еден „камен на сопнување“ во преговорите меѓу Брисел и Анкара за членство на Турција во ЕУ, покрај забелешките на Унијата околу почитувањето на човековите права.Според предлагачите на Резолуцијата, нејзина цел е да придонесе за намалување на тензиите што настанаа во врска со случувањата од пред еден век кои

Пронајдете не на следниве мрежи: