Европратеничката Ана Заборска ја повика опозицијата да се врати во Собранието

Европратеничката Ана Заборска од Словачка е во посета на Република Македонија. Во ексклузивно интервју за Курир, таа ја повика опозицијата да се врати во Собранието, давајќи максимална поддршка за политиките на македонската Влада.Со неа зборувавме за македонската евроинтеграција и Грција како блокатор на патот кон НАТО и ЕУ. Освен нашиот јужен сосед, според неа, единствена друга пречка на Македонија е опозициската партија СДСМ.
Курир: Госпоѓо Заборска, добре дојдовте во Македонија! Се наоѓате во земјата која ги исполни сите критериуми и ги направи сите напори да стане дел од Европската Унија и НАТО, но се уште сме пред врата на овие институции, само поради нашиот јужен сосед, Грција. Вие сте голем пријател на нашата земја, нè интересира вашиот став- До кога ќе трае оваа неправда и ја заслужува ли Македонија оваа блокада од Грција?
-Веќе неколку години го следам прашањето за приклучување на Македонија и јас сум во групата на Пријатели на Македонија во Европскиот Парламент и се обидувам да дадам поддршка на ова приклучување и според мене, доколку не постојат овие пречки, пречките од страна Грција кои траат веќе неколку години, Македонија веќе неколку години е член на ЕУ. И навистина, пред два месеца го усвоивме Извештајот за евалуацијата на Македонија и ѝ предложивме, мислам дека веќе седми пат, на Европската Комисија да започне со преговорите и да го отвори процесот на приклучување и се надевам дека овој пат, ЕУ ќе ги земе во предвид овие препораки и ќе ги притисне, малку грчките колеги и политичари да ја отстраната оваа пречка. Се надевам дека следната година ќе бидеме во подобра ситуација од оваа денес.
Курир: Со големо внимание ја следите актуелната политичка состојба во Република Македонија. Кој е вашиот став за опозицискиот бојкот на парламентот и за делувањето на СДСМ?
-Мислам, вашето прашање всушност е внатрешно прашање за македонската политика, но мислам од една страна е грчката позиција наспроти Македонија и од друга страна со внатрешната политика. Сите страни мора да превземат одговорност и да го следат процесот на приклучување и најдобриот начин е да се вклучат во работата на Парламентот, да ги усвојат законите и да  учествуваат во работата на Парламентот. И мислам, не би можела да кажам блокада, но недостаток на СДСМ во работата на Парламентот не е добар сигнал и за ЕУ, па така ова не е само одговорност на Владата туку и на сите политичките партии во Македонија.
Курир: Силно ги поддржувате владините политики во Македонија. Македонската Влада има цврсти ставови по одредени прашања промовирајќи ги христијанските вредности. Во Уставот е вметнато дека брачна заедница во оваа земја може да склучат само еден маж и една жена. Истовремено премиерот Никола Груевски промовира политика на многудетни семејства. За овие теми и вие го делите мислењето. Колку се значајни вредности?
–  Мислам тоа не е само христијанска позиција туку и политика за благосостојба на земјата и општеството затоа што бракот помеѓу маж и жена има универзална вредност и е за добробит на општеството. Само заедницата помеѓу маж и жена може да даде поддршка за развојот на земјата и да се зачуваат културните вредности на земјата па затоа на семјеството му е потребна поддршката и заштитата од страна на државата, затоа што државата зависи од семејниот живот, а семејниот живот односно семејството е составено од мажот и жената, но децата се најважниот дел и доколку ја погледнеме демографската состојба во ЕУ и светот, а претпоставувавм и во Македонија, семејните политики се особено  важни за зачувување не само на системот за социјална заштита, здравствениот систем туку и да се заштитат и зачуваат културните вредности на земјата. А тоа е одговорност на Владата, тоа е одговорност на Парламентот, но и на сите луѓе во вашата земја. Исто како што беше случајот во мојата земја, минатата година, го сменивме Уставот и ја воведовме дефиницијата за семејството и бракот како основа на нашата политика. Сметам дека е особено опасно да се воведе врска помеѓу заштитата на семејството и политиката која го поддржува семејството, само согласно христијанските вредности.  Христијанските вредности произлегуваат од универзалните вредности кои го штитат општото добро, заклучува Ана Заборска во интервјуто.
Извор: КурирСо неа зборувавме за македонската евроинтеграција и Грција како блокатор на патот кон НАТО и ЕУ. Освен нашиот јужен сосед, според неа, единствена д

Пронајдете не на следниве мрежи: