Европската комисија денеска ќе ги објави најновите прогрес-извештаи за напредокот на земјите-кандидати за членство во Европската унија во процесот на проширување, при што Република Македонија, како и седум пати претходно, ја очекува нова препорака за отворање на преговорите за членство во ЕУ.Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, осмата препорака на Еврокомисијата за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, овојпат, како и минатата година, ќе биде условена, со тоа што ќе биде потврдена доколку се спроведат фер и демократски предвремени парламентарни избори во земјата на 11 декември, што ќе бидат признаени како кредибилни од страна на меѓународната заедница.
– Комисијата ѝ дава препорака на Македонија, но условена со спроведување на договорот од Пржино и со имплементирање на итните реформи. Ова прашање повторно ќе се отвори по изборите во април 2016 година, објави на ланската прес-конференција во Брисел комесарот за преговори за проширување Јоханес Хан.
Овојпат, според очекувањата, се подготвува идентичен текст во однос на осмата препораката на ЕК за Европскиот совет во однос на Македонија, земја-кандидат за членство во ЕУ од 2005 година, само што овојпат условот е „кредибилни и признаени парламентарни избори на 11 декември 2016 година“ кои се очекува да стават крај на двегодишната политичка криза.
Она што зачудува е тајновитоста на извештаите за земјите од процесот на проширување, чија содржина, вклучително и владите на самите земји, јавноста ќе ја дознае дури претпладнево, што не било случај никогаш претходно. Наводно, извештаите се печатирани со воден жиг и може да ги отвори само еврокомесарот Јоханес Хан, кој денеска изутрина ќе ги претстави пред Колеџот на комесари на Еврокомисијата, а потоа околу 11:00 часот и официјално ќе ги претстави пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ). Официјалната прес-конференција на Хан во ЕК, пак, се очекува да се одржи околу 13 часот.Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, осмата препорака на Еврокомисијата за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, овојпат, к