Европски берзи близу највисокото ниво за две години

Европските берзи во вторникот се задржаа близу највисокото ниво за последните две години, а позитивното расположение по добриот старт на сезоната на објава на деловни извештаи беше неутрализирано од падот на финансиските и технолошките акции. Лондонски FTSE порасна за благи 0,11 отсто, на 6.301 поени, додека франкфуртски DAX беше во благ минус од 0,16 отсто, намалувајќи се на 7.820 поени, а исто толку се намали и парискиот CAC, кој изнесуваше 3.773 поени.
Меѓу најголемите губитници беа банките кои во просек ослабнаа за 0,8 отсто, предводени од Royal Bank of Scotland чија акција падна за 4,9 отсто, откако Wall Street Journal извести дека наскоро би можела да постигне 785 долари „тешка“ спогодба со американските и британските власти во случајот за наводно манипулирање со Либорот.
Берзите беа притиснати и од технолошките акции, кои во просек ослабнаа за 0,6 отсто, со пад на вредноста на германски Software за 14,5 отсто по објавата дека очекува годинава добивката по акции да биде пониска во однос на претходната година.
Падот на вредноста во овие два сектора го неутрализираше оптимизмот што беше распламнат по охрабрувачките деловни извештаи на компаниите. Иако допрва започна објавувањето на податоците и само неколку компании ги објавија своите податоци, тие се над очекувањата.
„Купувањата ги подигнаа берзите превисоко, по периодот на раст кој спаѓа меѓу најдолгите во изминатите две години. Оттука пред нас е период на консолидација, која веројатно нема да биде многу голем, бидејќи е насобран капитал и инвеститорите го чекаат вистинскиот момент за вложување“, толкува аналитичар на  BNP Paribas Fortis Global Markets.
 
МакфаксЕвропските берзи во вторникот се задржаа близу највисокото ниво за последните две години, а позитивното расположение по добриот старт на се

Пронајдете не на следниве мрежи: