Полека се привршуваат и последните детали пред вечерашниот меч меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед во рамките од УЕФА Супер купот.Строгите правила за организација на овој настап кој ги делегира Европската фудбалска федерација (УЕФА). Воедно УЕФА ги одобрува и сите дозволи за работа на објектите во близина на Националната Арена „Филип Втори”.
Љубителите на фудбалот кои ќе присуствуваат на вечерашниот меч ќе имаат можност да обезбедат и сувенири, маици и други реквизити кои ќе се продаваат на специјално определени и бренирани штандови.
Кога во прашање е освежувањето на гледачите. Пред арената се поставени штандови само со производи на партнерите на УЕФА. На истите ќе може да се купат пијалоци, апетисани, сендвичи, но по европски цени.
Така, за газираните пијалаци и ледениот чај ќе се продаваат по цена од 200 денари или 3,3 евра. По истата цена ќе се продаваат џусот и кафето. Доколку сакате да се напиете вода ќе треба да одвоите 150 денари или 2,5 евра за количина од 0,4 литри.
Доколку пак сте гладни и сакате да купите сендвич, кроасан или пак кикирики, семки и сончоглед, за едно пакување ќе треба да платите 150 денари или 2,5 евра.
Сепак најскапо ќе биде пивото и тоа безалкохолното кое ќе се продава по цена од 250 денари или 4 евра.Строгите правила за организација на овој настап кој ги делегира Европската фудбалска федерација (УЕФА). Воедно УЕФА ги одобрува и сите