Европскиот парламент доцна вечерва ќе расправа за извештајот за напредокот на Република Македонија во 2016 година, јави дописникот на МИА од Стразбур.Тројцата членови на Европскиот парламент Едуард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл пред денешната расправа за извештаите за напредокот на Македонија во заедничка изјава посочуваат дека ги поддржуваат напорите за да се надмине актуелната политичка криза во Македонија.
– Како европратеници, ги поддржуваме сите напори за да се надмине актуелната криза. Направивме големи напори за поддршка на европската перспектива на македонскиот народ и со длабока загриженост го следиме продолжувањето на кризата со зголемени последици за земјата, вклучувајќи го и влошувањето на меѓуетничките односи, се вели во заедничката изјава на тројцата европратеници по средбата со македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски.
Тројцата европратеници, како што се наведува, не гледаат никаков изговор за тактиките на одложување што се користат во македонското Собрание со што се попречува изборот на нов претседател на Парламентот и формирањето влада.
Во заедничката изјава тројцата европратеници посочуваат дека веќе двапати е одложувано гласањето на извештајот за Македонија што, како што се вели, е директен резултат на несигурноста во земјата.
– Сепак, ние цврсто веруваме дека ситуацијата во земјата ќе се подобри со обезбедување на демократски однесувања и како резултат на тоа ставање крај на политичката криза, се наведува во соопштението од тројцата европратеници.Тројцата членови на Европскиот парламент Едуард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл пред денешната расправа за извештаите за напредокот на Македони