недела, 29 ноември 2026
Најново

Европскиот првак Алкалоид против лидерот на табелата Глобус во меч од 6.коло на ЕКК

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Европскиот првак во шах Алкалоид денеска во мечот од шестото коло на Европскиот клупски куп што се игра во Анталија за ривал го има лидерот на табелата руската екипа Глобус. По поразот во второто коло Алкалоид постигна три убедливи победи и со осум поени се наоѓа на третата позиција, веднаш зад Глобус и Олдар Јурду, кои имаат по девет. Овие два тима вчера во меѓусебен дуел одиграа нерешено.Ова е важен дуел за екипата на Алкалоид, која со триумф ќе има шанса и да ја одбрани титулата
На дуелот Алкалоид – Глобус распоредот на таблите е следен: Лирен Динг – Владимир Крамник, Павел Ељанов – Шахријар Мамедјаров, Дмитри Андрејкин – Александер Гришчук, Јанг Ји – Ју – Сергеј Карјакин, Дмитри Јаковенко – Аниш Гири и Јури Криворучко – Јан Непомниачи.
Втората македонската екипа учесничка на ЕКК Гамбит Асеко по двата пораза падна на 15.место на табелата и денеска ќе игра против Дунајска Стреда.
 Ова е важен дуел за екипата на Алкалоид, која со триумф ќе има шанса и да ја одбрани титулата
На дуелот Алкалоид – Глобу

Поврзани вести