Европскиот суд за човекови права денеска донесе пресуда во која се вели дека за случајот со убиството на Мартин Нешкоски, нема повреда на членот 2 од Европската конвенција за човековите права во смисла на ефективноста на истрагата.Според Европскиот суд, државата ги исполнила сите критериуми воспоставени со судската пракса на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП). Стразбур смета дека државата спровела ефикасна истрага за овој случај.
Токму случајот со Мартин Нешкоски, беше еден од предметите кои специјалната јавна обвинителка Катица Јанева го побара од Судот за да води истрага. Во соопштението кое пред неколку дена беше испратено од СЈО до јавноста, стоеше дека од Судот на увид се побарани и предметот за убиството на Мартин Нешкоски, како и други предмети од интерес на ова јавно обвинителство.
Во однос на овој случај, Европскиот суд констатирал дека не е повредено ниту едно право загарантирано со Конвенцијата од страна на државата.
-Во вториот случај по жалбата на г-ѓа Нешкоска, Европскиот суд за човекови права смета дека државата презела ефикасна истрага во однос на утврдување на причините за смртта на нејзиниот син, односно дека државата ги исполнила сите критериуми воспоставени со судската пракса на ЕСЧП во истоветни случаи. Притоа, Судот констатирал дека не е повредено ниту едно право загарантирано со Конвенцијата од страна на државата, се вели во сопштението на Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права.
Според Европскиот суд јасно е дека се било законски во истрагата за Нешкоски, поради што се поставува прашањето за што СЈО ќе води дополнителна истрага, бидејќи највисокиот суд на Европкста унија смета дека државата ги исполнила сите критериуми воспоставени со судската пракса на Европскиот суд за човекови права.Според Европскиот суд, државата ги исполнила сите критериуми воспоставени со судската пракса на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП). Страз