Европските акции во пораст по оптимизмот од еврозоната и од Кина

Европските акции зајакнаа во петокот откако отпимистичките податоци за индустриското производство во еврозоната и во Кина ги поттикнаа очекувањата за постепено закрепнување на глобалната економија.

Така лондонскиот индекс FTSЕ порасна за 0,54 отсто, на 6.310 поени, франкфуртскиот DAX за 0,27 проценти на 7,797 поени, додека парискиот индекс CAC беше во плус 1,09 отсто и изнесуваше 3.773 индексни поени.Истражувањето меѓу производителите на еврозоната покажа дека јануари бил најдобар месец за нив во последните11 месеци, што ги зголеми надежите дека минало најлошото за еврозоната.Двете верзии на кинескиот индекс на менаџери за набавка (PMI) исто така покажа дека во јанаури се зголемило производтвото во фабриките, што поттикна раст на рударскиот сектор во просек за 0,4 отсто.Во меѓувреме, американската влада објави дека работодавачите во минатиот месец отвориле нето 157 илјади работни места, но стапката на невработеност се зголемила на 7,9 отсто. Податоците сигнализираат стабилен темпо на вработување во согласно со очекувањата на пазарот.„Влегуваме во синхронизиран период на економска сила, што ќе биде добро за стоките и акциите, а лошо за државните обврзници“, вели Тревор Гритхам, менаџер во Investment Solutions Group.Меѓу добитниците се издвои британската телекомуникациска групација BT, чии деловни резултати пријатно изненадија, поради што акцијата на оваа компанија скокна за 5,6 отсто.Товар на берзанските индекси беше банкарскиот сектор, кој во просек ослабна за 0,7 отсто, по најавата дека заемодавачите во наредната недела ќе отплатат помалку од итните кредити добиени до ЕЦБ отколку што се очекуваше.
 
Макфакс
Европските акции зајакнаа во петокот откако отпимистичките податоци за индустриското производство во еврозоната

Пронајдете не на следниве мрежи: