Европските берзи зајакнаа пред самитот на ЕУ

Европските акции зајакнаа во четвртокот откако низата охрабрувачки американски податоци ги зголемија надежите за подобрување на глобалните економски изгледи, а инвеститорите предвидуваат дека и европските челници на претстојниот самит ќе расправаат за полабави мерки на штедење. Лондонски FTSE порасна за 0,39 отсто на 6.506 поени, франкфуртски DAX за 1,05 отсто на 8.044 поени, додека париски CAC беше во плус 0,81 отсто и изнесуваа 3.867 поени. Најновите податоци од САД покажуваа неочекувано силен раст на прометот во малопродажбата во февруари, што укажува на јакнење на американската економија. „Не загрижува тоа што макроекономските податоци се подобруваат само во САД, но не и во Европа, што значи дека берзите растат врз темел на надежи, а не на вистински знаци и дека постои ризик дека јакнењето на акциите нема да биде имуно на разочарување од макроекономска страна“, вели аналитичар од компанијата Global Equitties. Инвеститорите оттука будно ќе го следат дводневниот самит на Европската унија кој започнува денеска, а се очекува да биде фокусиран на решавање на проблемите со високата невработеност и на потребата од ублажување на мерки на штедење за да се заживее економскиот раст. „Берзите очекуваат промена на тонот кога е во прашање штедењето. Челниците сега согледуваат веројатно дека мора да ги ублажат мерките на штедење, бидејќи состојбата во економијата во спротивно нема да се промени. Цените на акциите на еврозоната се најдоа во четвртокот меѓу најголемите добитници. Francuski BNP Paribas доби на вредноста 1,6 отсто, а шпанскиот Banco Santander два отсто. Италијанскиот осигурител Generali зајакна 6,5 отсто откако извести за подобри од очекуваните резултати од работењето. Цената на акциите на европските производители на телекомуникациска опрема Ericsson и Alcatel Lucent порасна за 2,5, односно три отсто откако најголемиот светски мобилен оператор China Mobile најави дека планира оваа година да потроши 6,7 милијарди долари за развој на 4G технологијата. Во плус беа и акциите на телекомуникациските оператори, па акцијата на France Telecom зајакна за 2,4 отсто.
МакфаксЕвропските акции зајакнаа во четвртокот откако низата охрабрувачки американски податоци ги зголемија надежите за подоб

Пронајдете не на следниве мрежи: