Европски претставници упутија пораки со поддршка до рускиот народ по експлозијата во еден од вагоните на метрото во Санкт Петербург.
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, рече дека мислите на сите министри за надворешни работи на ЕУ се со народот на Русија.
„Ги следиме вестите од Санкт Петербург, заедно со сите министри за надворешни работи на ЕУ. Нашите мисли се со целиот руски народ“, наведе Могерини на својот налог на Твитер.
Шефот на словачката дипломатија, Мирослав Лајчак, на Твитер наведе дека е „шокиран“ од фактот деке десет лица се убиени, а повеќе десетици се ранети во експлозијата во метрото во Санкт Петербург.
„Мораме да се бориме против тероризмот каде тој и да ја крева својата грда глава!“, порача Лајчак.
На оваа социјална мрежа се огласи и Штефан Зајберт, портпаролот на германската канцеларка Ангела Меркел, оценувајќи дека од санкт Петербург стигна „страшна вест“ и порачувајќи дека мислите на Германците се со семејствата на настраданите.
Експлозијата се случи во возот што се движел меѓу две метро станици во Санкт Петербург.
Портпаролот на рускиот Национален комитет за борба против тероризмот потврди дека во експлозијата во метрото погинаа десет лица, а портпаролот на градскиот гуверенер, Андреј Кибитов, рече дека најмалку 50 лица се повредени во експлозијата во метрото во Санкт Петербург.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно денеска изјави дека ги разгледува сите причини за денешната експлозија во метрото во Санкт Петербург, вклучувајќи и тероризам, јавија британските медиуми.Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, рече дека мислите на сите министри за надворешни работи на ЕУ