ЕВТИНИ ДУШИ во СКАП[ан]И КОСТУМИ!

После мојата трајна депилација на јазик, станав трн во око, но не во нечиво, туку во свое…Па да кога ние имаме око соколово и може се да видиме за другите и се да знаеме, ги набљудуваме како под микроскоп и ако имаат една дамка, стануваат бактерии кои го напаѓаат нашиот имонолшки систем. Тука ние се браниме со статуси и твитови. Коментари колку сме тероризирани од вирусот наречен КИР (Keeping it Real), по што следува фидбек дека и ние сме такви, колку да се совпаднеме со единката, пошто нели модерно е да се биде различен, кога во сржта сме сите исти.
Дечко бара искрена девојка. Да ќе ја добиеш, залакот кој треба да го голтнеш ти е премногу голем. Јака е таа доза на самостојност и контрола за тебе. На евтиниот лек му треба повеќе време за да делува, и на крај половични резултати. Ниту си здрав, ниту болен. Ни ти самиот веќе не знаеш што сакаш, а мислиш дека знаеш, и полесно е по навика отколку на ризик.
Девојка бара искрен дечко. Да ќе го добиеш, откако ќе престанеш да гледаш холивудски филмови, каде што тој е мангуп, а ти принцеза. Драга престани со актерството на тешка риба која мозок и тежи само 3грама, а останатото е дело на пластична операција. Подобро потруди се да не бидеш заборавена, бидејќи си една од милион, а не од милион една.
Не барај она што не можеш да си го дозволиш иако џебот ти е длабок, кога си плиток и евтин. Не е лесна онаа која со минич ќе ја однесеш во кревет, и не е прост оној кој без ништо ќе направи да имаш се. Обратно е. П.С. Пробајте статусите да ги примените во животот, ако не знаете како еве ви линк објаснето во два чекори.
Автор: Е.АПа да кога ние имаме око соколово и може се да видиме за другите и се да знаеме, ги набљудуваме како под микроскоп и ако имаат една дамка, стануваа

Пронајдете не на следниве мрежи: