Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, освен на осојничавите места. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Гевгелија – Удово и од 50 – 100 метри на патниот правец Неготино – Градско.АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Отворен за сите видови возила е и граничниот премин Евзони зашто штрајкот на грчките земјоделци е прекинат. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците мо