недела, 29 ноември 2026
Најново

Евзони сеуште затворен, АМСМ препорачува внимателно возење

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони се уште е затворен за сообраќај. Премините Меџитлија (Битола) и Дојран се отворени за сообраќај. Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Магла со видливост од 20 -до 30 метри има на патниот правец село Лисец – Попова Шапка.Патниот правец Скопје – Македонски Брод низ Јасен, е со ограничена проодност. Во утврдените термини за еднонасочен сообраќај, дозволено е движење само на лесни теренски возила со погон на сите четири тркала.
Сеуште е во прекин и сообраќајот на патниот правец  А3 Прилеп – Битола – Ресен преку обиколница Битола поради свлечиште и се пренасочува преку градот Битола.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста  појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.Патниот правец Скопје – Македонски Брод низ Јасен, е со ограничена проодност. Во утврдените термини за еднонасочен сообраќај, дозволено е дви

Поврзани вести