Eyesburn ќе гостуваат на Баскерфест во Скопје

На  музичката програма на Баскер Фест 2013, доаѓа регионалниот хардкор-даб феномен Eyesburn кој го потврди својот настап во рамките на осмото издание на најголемиот уличен фестивал во регионов.Групата имаше одлична година зад себе со многу концерти и нов материјал, како „Sudden Fall“ и „Hold This Way“ кои го најавуваат новиот албум на бендот, а ова е дополнителен повод за гостување и гаранција за одличен концерт во Скопје. Eyesburn доаѓа во Скопје на 23 јуни со концерт кој ќе и ги претстави на публиката новите магични музички формули, како и отворањето на ново поглавје во работата на бендот чија порака и енергија најдобро се чувствува токму на нивните настапи во живо.По подолго време Eyesburn конечно гостуваат и во Скопје и тоа токму во рамките на Баскер Фест кој годинава ќе се одржи од 14 – 23 јуни, на повеќе локации низ Скопје и со до сега најбогата фестивалска програма. Баскер Фест е фестивалот со уникатен концепт и нова, поинаква понуда: десет дена целосно исполнeти со исклучително фестивалско искуство и слобода на сосема нов начин, на кој сите се добредојдени да се придружат, а како и секоја година, присуството на фестивалот е бесплатно за сите посетители! Фестивалот и оваа година се одвива во организација на „Уан Веј“ (One Way), а под покровителство на Град Скопје.
МакфаксНа  музичката програма на Баскер Фест 2013, доаѓа регионалниот хардкор-даб феномен Eyesburn кој го потврди својот

Пронајдете не на следниве мрежи: