Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабијус денеска изјави дека лидерите на земјите членки на Групата осум најразвиени економии во светот Г-8, го суспендираат членството на Русија во групата.Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабијус денеска изјави дека лидерите на земјите членки на Групата осум најразвиени економии во светот Г-8, го суспендираат членството на Русија во групата поради тензиите околу Украина и присуството на руски воени сили на Крим.
Останатите седум земји членки на Г-8 веќе претходно ги суспендираа подготовките на самитот на Г-8, што требаше да се одржи во јуни во рускиот град Сочи.
Фабијус во изјава за француското радио „Еуроп 1“ изјави дека во однос на Г-8 е донесена одлука за суспендирање на членството на Русија и дека е предвидено останатите седум земји, да се здружат без Русија.
ЕУ и САД вчера најавија воведување санкции против одреден број руски претставници поради постапките на официјална Москва кон Крим.Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабијус денеска изјави дека лидерите на земјите членки на Групата осум најразвиени економии во свет