Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска во битолското село Кравари ја пушти во работа новоотворената фабрика за производство на чипс, браунд филд инвестиција на Горданчо Мирчевски наш иселеник кој се врати од Австралија.– Инвестицијата на нашиот сограѓанин Горданчо Мирчевски во родниот крај е типичен пример за голем број Македонци кои ниту далечината, ниту времето, ниту пак стандардите на високо развиените земји не ги одделија од својата татковина. Македонија во своето поблиско и подалечно минато беше изложена на голем одлив на население. Многумина заминаа, но никогаш не заборавија на Македонија. Секогаш кога може македонската дијаспора помага во секоја смисла на зборот. За жал, многу наши луѓето кои во минатото сакаа своето занење и својот тешко заработен капитал да го вложат во својата татковина беа соочени со бројни потешкотии и недоразбирања. Сепак оваа Влада ја промени таквата слика и повеќе години наназад ние интензивно работиме на зацврстувањето на релациите со македонската дијаспора и нејзино анимирање за вклучување во актуелните општествени политички реформски и бизнис процеси во Македонија, рече Груевски.
За време на денешната свеченост премиерот Груевски уште еднаш потсети дека кај нашите во дијаспората има извонредно богатство на искуство и потенцијал, знаење и умешност што можат да придонесат за напредок на Македонија во секој поглед и посебно во делот на бизнис и економската соработка.
– Ваквото поттикнување во изминатите години придонесе многу луѓе од дијаспората да се вклучат во разни сегменти од нашето општество. Фабриката која денес ја отвораме е уште еден од позитивните примери во оваа насока. Инвестицијата се проценува на околу 3 милиони евра, а во неколку години планирано е да се вработат околу 100 лица. Она што е од особено значење е тоа што ова ќе биде прво македонско производство на чипс од свеж компир и ќе значи голем број индиректни работни места, соработка со повеќе домашни фирми и откуп на поголеми количини компир од македонските производители. Севкупно ова е одличен пример кој верувам дека ќе придонесе и многу други Македонци да најдат свој интерес за инвестирање во Македонија, истакна Груевски.
Тој потсети дека Македонија и понатаму е лидер во регионот и една од најдобрите држави во Европа по условите за правење бизнис. Таквиот статус, истакна, од година во година е се подобар и подобар и ние и понатаму се трудиме да го подобруваме.
– Нашите политики за македонската дијаспора се општо познати и ние и понатаму ќе се залагаме Македонците од дијапосрата да имаат што поголемо влијание и што посилни релации со својата татковина. Еден од многуте примери за позитивните ефекти од таквите политики е и оваа фабрика која денес ја отворивме, рече премиерот Груевски.
Во своето обраќање министерот за странски инвестиции Бил Павлевски предочи дека фабриката посебно ќе биде интересна за земјоделците производители на компир од коишто ќе се врши диркетен откуп на суровината потребна за производство на чипс од свеж компир.
– Отворањето на фабриката за чипс ќе значи заживување и економски просперитет не само за жителите на селото Кравари, туку и за околните рурални средини во битолскиот регион и намалување на стапката на невработеност преку директни и индиректни вработувања, рече Павлевски.
Инвеститорот на новата фабрика Мирчевски јавно се заблагодари на Владата на РМ за, како што рече, охрабрувањето нашата бизнис идеја да ја претвориме во дело.
– За да се вратиме од Австралија и да инвестираме во Македонија бевме поттикнати од добрите мерки на Владата на РМ и нивниот добар однос кон инвеститорите. Лично се заблагодарувам на премиерот и неговата администрација за поддршката во реализацијата на овој проект. Иако оваа инвестиција не е голема сепак вие ни давате поддршка и во текот на реализацијата на овој проект наидовме на разбирање и заемно почитување со што во голема мера ни ја олеснивте нашата работа. Ние тука ќе произведуваме чипс кој засега во Македонија се обезбедува само од увоз, а Македонија е голем производител на компири. Нашата намера е со производствената линија да обезбедиме преработка на пет илјади тони компири. Нашиот чипс во прво време ќе се продава на пазарот во Македонија, а потоа и да го извезувме и на пазарите во Европа но и во Австралија каде што нашинците го очекуваат овој македонски приоизвод со нетрпение, рече меѓудругото Мирчевски во своето обраќање пред присутните гости во битолското село Кравари.
Отворањето на новата фабирка во Битола го поздрави и градоначалникот Владимир Талевски кој најави и други инвестиции во градот и индустриската зона „Жабени“.– Инвестицијата на нашиот сограѓанин Горданчо Мирчевски во родниот крај е типичен пример за голем број Македонци кои ниту далечината, ниту вр